• Latest

Очекувања, надежи и прогнози

June 22, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Очекувања, надежи и прогнози

June 22, 2018 14:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривичниот суд соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.

Со одлука на општинскиот совет, денеска во Велес е ден на жалост  поради погребот на трите деца што завчера го загубија животот во пожар во семејната куќа во високиот дел на градот на ридот Вршник. Советот донесе и решение на семејството на Никола Давчевски да му се додели еднократна парична помош во износ од 100.000 денари, а општината да ги покрие трошоците за обезбедување гробно место во висина од околу 13.000 денари.

Тимот на ЦИВИЛ во текот на вчерашниот ден го посети велес каде ја организираше работилницата „Каква Македонија сакам?“ на која учествуваше и градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски. Со присутните граѓански активисти сподели информации што се однесуваа на активностите на општината во областа на зачувување и заштита на животната средина и подобрување на животот на велешани. Меѓу другото, Коцевски истакна дека во процесите на евро-интеграција, тој како градоначалник ќе се обиде тие да се постигнат преку транспарентност и соработка со граѓанското општество, но и со граѓаните.

Тимот на ЦИВИЛ Медиа ги праша велешанки и велешани каква Македонија сакаат. Освен што сакаат мирна и просперитетна Македонија, граѓаните иднината на Македонија ја гледаа и низ призма на промена на името на државата.

Премирот Зоран Заев денеска изјави дека очекува Македонија следната недела да добие датум за почеток на прегворите за членство во ЕУ. Се надева дека со чекорите што ги презема земјава, ќе ги убеди сите кои се уште имаат одредена резерва за проширувањето на ЕУ.

Земјите членки на ЕУ, а пред се „скептиците и кочничарите“ од Франција, Холандија и делумно од Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок со потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Атина и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија, смета Франк Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска испрати писмо до премиерот Заев и македонската влада во кое ги упати своите честитки за Договорот со Грција, но и изрази поддршка за македонската интеграција во НАТО и Европската Унија.

Д. Муратов

Tags: ЕУМакедонијаочекувања
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ