• Latest

Коцевски: Потребна е револуција на умот за да ги достигнеме вистинските европски вредности

June 22, 2018

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коцевски: Потребна е револуција на умот за да ги достигнеме вистинските европски вредности

June 22, 2018 11:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, учествуваше на работилницата „Каква Македонија сакам?“ во организација на ЦИВИЛ. Со присутните граѓански активисти сподели информации што се однесуваа на активностите на општината во областа на зачувување и заштита на животната средина и подобрување на животот на велешани. Меѓу другото, Кочески истакна дека во процесите на евро-интеграција, тој како градоначалник ќе се обиде тие да се постигнат преку транспарентност и соработка со граѓанското општество, но и со граѓаните.

„Колку е подготвен не знам, но друга алтернатива немаме. Велес отсекогаш зрачел со позитивни европски вредности, особено во времето на преродбата. Сите прогресивни идеи во Македонија се ширеле преку Велес. Ние имаме сериозна задача да бидеме доследни на нашите славни претходници и истото да го практикуваме во наредниот период. Јас мислам дека тоа ќе го направиме успешно, но за тоа ни треба пред сè еволуција или револуција во умот. Мора некои навики да ги промениме ако сакаме да ги достигнеме вистинските европски вредности, а не едно да зборуваме за јавност, пред Европјаните, туку тоа што го зборуваме пред странците искрено да мислиме дека е вистинскиот пат“, изјави Коцевски за ЦИВИЛ Медиа, на прашањето колку Велес е спремен да ги почитува и практикува европските вредности.

Што се однесува до зелените иницијативи, Коцевски изјави дека е горд на своите сограѓани затоа што Велес важи за град со најразвиена еколошка свест и совест и дека другите градови во Македонија можат многу да научат од нив.

„Јас во мојата програма ветив дека Велес ќе биде убаво место за живеење и дека ќе биде зелен град. Веќе почнавме со конкретни активности како да ја зголемиме квадратурата на зелени површини и бројот на садници… исто така ќе одиме со масовни акции на пошумување на околните голи ридови“, изјави Коцевски.

За сите овие предвидени активности, градоначалникот е сигурен дека ќе ја добие поддршката од Советот на Општина Велес и од граѓаните.

Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов

Tags: Аце КоцевскиВелесевропски вредностизелени иницијативЦивил
Share33TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ