• Latest

Заев-Мултановски: Полска продолжува со поддршката за евроатлантските интеграции на Македонија

June 25, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев-Мултановски: Полска продолжува со поддршката за евроатлантските интеграции на Македонија

June 25, 2018 15:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Јацек Мултановски, амбасадорот на Република Полска во Македонија, чиј мандат завршува во земјата.

Изразувајќи благодарност за ангажманот, заложбите и поддршката на амбасадорот Мултановски, Заев го истакна придонесот на Полска за демократските процеси во Македонија, на патот кон остварувањето на евроинтеграциските цели на државата, соопшти владината прес-служба.

На средбата, двајцата соговорници истакнаа дека Полска и Македонија како пријателски земји се посветени на продлабочување на билатералната соработка во сите сфери и заклучија дека тоа е добра основа за интензивирање на односите, особено во областа на економијата, безбедноста културата, туризмот и други области од интерес за граѓаните на двете земји.

Амбасадорот Мултановски, оцени дека е импресиониран од напредокот што Македонија го постигна последната година, посебно околу договорот со Грција околу спорот со името и изрази задоволство од претстојната посета на премиерот Заев, кој заедно со владина делегација, на 27 јуни ќе отпатува во Варшава и ќе оствари средба со полскиот премиер Моравјецски.

Заев посочи дека Македонија ќе остане посветена на градење на пријателство и регионална соработка, подвлекувајќи дека Полска и Вишеградската група (В4), каде таа е членка заедно со Унгарија, Чешка и Словачка, е императив за тоа како се гради партнерство и напредок.

Истовремено, премиерот изрази надеж дека продолжувањето на заедничката соработка со Полска и В4 ќе придонесе за забрзување на европската интеграција, развојот, безбедноста и стабилноста на Македонија и земјите на Западен Балкан.

Премиерот Заев и амбасадорот Мултановски изразија уверување дека сите партнери и институции на двете земји, ќе ја продолжат одличната соработка и поддршката на пријателството меѓу граѓаните на двете земји, во насока на политичка стабилност и отворање можности за зголемување на економскиот развој на двете земји. (МИА)

Tags: ЕУЗоран ЗаевЈацек МултановскиПолскаПремиер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ