• Latest

Челичарницата во Пробиштип: Пред избори – загадуваше, после избори – не загадува!

July 5, 2018
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Челичарницата во Пробиштип: Пред избори – загадуваше, после избори – не загадува!

July 5, 2018 11:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

За жал, во Пробиштип сè уште продолжува да владее тезата дека мора да има загадување за да има вработување! Ништо не се променило.

Пишува: Светлана Станојковска

Пробиштип сè уште е најзагаден град во Европа во однос на загаденоста на почвата. Загадени се и подземните води, имаме и аерозагадување. Во однос на Г1 тешка загадувачка индустрија во градот и во близина на градот сме посебна приказна. Може да се каже дека сме љубители на Г1 тешка загадувачка индустрија. (Инаку, Г1 – тешка загадувачка индустрија, тоа е термин кој се користи во урабанизамот, и во оваа индустриска зона се отвараат загадувачки капацитети. Постои и Г2 – лесна незагадувачка индустрија каде може да се отвараат капацитети кои не загадуваат).

Фамозната Челичарница во Пробиштип која започна да ја гради претходната влада,  која се наоѓа во непосредна близина на градот во Г1 тешка загадувачка  индустрија Неокази ја помина и речиси последната препрека и на некој начин доби зелено светло од Владата на Република Македонија и истата треба да продолжи со изградба и да отпочне со работа по завршувањето на изградбата на далноводот, кој треба владата да го изгради само за потребите на истата и да се комплетира документацијата со останатите дозволи.

Тоа е таа Челичарница за која граѓаните на Пробиштип поточно населено место Калниште, Камењар и пошироко го дадоа својот глас да не се отвори истата, и со тоа дојде до промена и на централната и на локалната власт. Во овие населби загадувањето е во континуитет 365 дена во годината, од загадувачите во индустриската зона. За време на предизборната кампања караванот со советници и Градоначалникот, на жителите на гореспоменатите населени места им дадоа ветување дека нема повеќе да се отвараат загадувачки капацитети и дека Челичарницата нема да проработи, и дека владата стои позади тоа решение. Ветување пред избори.

Фирмата Кранфилд Фаундри која стои позади Челичарницата е регистрирана на Девствените острови и е оф – шор компанија. Нивниот капитал како е стекнат треба да биде предмет на истражување на соодветните институции. Има корупција има и криминал само треба да се докаже. Целиот процес околу Челичарницата беше нетранспарентен. Во делот на студијата за влијанието на животната средина врз населението, изготвувачот на студијата не даде издржан одговор на ниту едно од многуте поставени спорни прашања, а ги имаше многу. Немаат одговор за најосновното прашање – Од каде ќе набавуваат суровина за работа? Не е решен проблемот со отпадните води? Не е решен проблемот со депонирање на отадниот материјал кој е опасен? Што ќе се испушта во воздухот? И многу други прашања на кои никој не знае да даде одговор.

Дали некој ги зеде во предвид овие најважни факти во делот на животната средина и даде зелено светло да продолжи со изградба на истата. Дали владата размислува за вакви капацитети од Г1 тешка индустрија со закон истите да се градат на 5 до10 километри, од последните индивидуални објекти. Тешка индустрија и населено место паралелно не е возможно. Треба да има ревизија за овој објект!

Лидери сме по заболувања на карцином на било кој орган, карциномот на дојка е во енормен пораст. Податоците од заводот за статистика за последниот квартал за 2017 година на новородени 24 и изумрени 54 во Пробиштип е поразителен. Цели семејства се иселуваат покрај останатите причини и за подобра и почиста животна средина, нивни најчест избор е Словенија, Норвешка, Италија и други места.

Спорен момент за владата беше изградба на далноводот од страна на МЕПСО за потребите на Челичарницата, и со тоа беше стопирана изградбата на истата пред изборите. Меѓутоа тоа беше затишје пред бура. Токму за време на кампањата за локалните избори, во вториот круг, последен митинг во населено место Злетово, вицепремиерот Кочо Анѓушев се сретнал со претставници на фирмата Кранфилд Фаундри на кои им било дадено позитивно ветување, неофицијално дознаваме дека  паднал некаков договор на истата средба.

Политичката состојба во која се наоѓаме е таква каква што è, пред референдум за името. Постигнат е политички и бизнис договор, а не е постигнато еколошко решение, и сето тоа на штета и по здравјето на сите граѓани на Пробиштип. Партискиот концепт повторно е поставен пред граѓанскиот концепт.

Граѓаните на Пробиштип многу одамна заслужуваат да добијат незагадувачки капацитети каде ќе работат и ќе егзистираат тие и нивните семејства  – оваа влада требаше и треба  да го направи тоа.

Не може да се живее и да се има квалитетен живот со овие загадувачи кои постојат, и од ден на ден ги броиме жртвите на загадувањето по секоја основа, за нов загадувач не треба да стане збор. Потребни ни се анализи, студии, финансиска поддршка за санирање на децениските загадувања во градот. Старото јаловиште е рак рана во центарот на градот. Старосната граница е поместена со што почнува животот да нема смисла.

Како советник во општина Пробиштип од редовите на ДОМ, цврсто стојам за заложбите во делот на животната средина и ќе се борам до крај за истите. Во претстојниот период ќе бидат ставени во опција сите облици на демократско делување доколку нешто од ваквите форми остана во државава, со оглед на тоа дека Уставен суд ги укинува одлуките за референдумите, како форма на изразување на граѓаните. Дали и оваа влада се плаши од демократијата за која сите се боревме? Доволно екологијата се користеше во политички цели само за добивање на избори.

Во делот на животната средина, кога ќе е загрозен мојот живот, животите на моите најблиски, соседи, пријатели, моите сограѓани и пошироко, воопшто не сум заинтересирана кој е на власт.

Градоначалникот на општина Пробиштип, редно е да се одважи и да им ја каже вистината на граѓаните  дали ќе има или ќе нема Челичарница во Пробиштип, благовремено, секако пред референдумот за името. Граѓаните ја заслужуваат вистината. Време е граѓаните да одлучуваат за својата иднина и за животната средина, а не политичарите да им ја кројат истата.

Во изминатиов период слушам – Ќе не бидело! Не господа, нема да нè биде со носење на политички одлуки за сметка на еколошките, нема да не биде! Со криминал и корупција во делот на животната средина нема да не биде! Се давиме во отпад и загадувања нема да не биде!

За сметка на сево ова, Македонија цела да е! Премногу е голем влогот!


Пред повеќе од една година, Светлана Станојковска, во својство на дипломиран биолог и претседател на еколошко здружение „Еко фемина“ од Пробиштип, за ЦИВИЛ Медиа во видео-интервју зборуваше за загадувањето на почвата и за изградбата и проширувањето на тешката индустрија во и околу градот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ветувањавладазагадувањеМЕПСОПробиштипЧеличарница
Share71Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ