• Latest

Неповторлива шанса за граѓанските новинарки и новинари

July 27, 2018
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неповторлива шанса за граѓанските новинарки и новинари

July 27, 2018 14:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заинтересираните за претстојните семинари за граѓанско новинарство на ЦИВИЛ имаат неповторлива и уникатна шанса да се стекнат со потребните вештини за мониторинг на претстојниот референдум. Семинарите што ќе се одржат во Велес (28 јули, сабота) и Штип (29 јули, недела) имаат програма што е збогатена со нови и уникатни елементи. Учесничките и учесниците на семинарите ќе се стекнат со право да се пријават и за акредитирани набљудувачи на процесот, а сите заедно ќе имаат можност да учествуваат во наградните циклуси за граѓанско новинарство во проектот „Граѓански објектив“.

Досега, во изминатите две години откако започна имплементацијата на проектот „Граѓански објектив, на семинарите учествуваа над 800 учеснички и учесници, доделени се 80 награди за најдобрите прилози на граѓанските новинари. Тоа се стотици стории и видео прилози што предизвикаа промени и имаа влијание на локално и национално ниво.

ЦИВИЛ веќе подолго време се занимава со мониторинг на состојбите на човековите права и слободи. Во тие рамки, организацијата ќе даде придонес кон граѓанската едукација за гласачкото право и ќе се погрижи, преку мониторинг и медиумски активности, да го одбрани правото на граѓанките и граѓаните да гласаат слободно и соодветно на нивните убедувања на референдумот.

ЦИВИЛ бара од институциите и политичките структури (партии, иницијативи, организации…) да дејствуваат согласно со законите и демократските стандарди и да ја напуштат практиката на злоупотреби, говор на омраза и дистрибуција на лажни вести, без оглед на тоа од која страна доаѓаат.

Сите заинтересирани за учество на претстојните семинари во Велес и Штип можат да се пријават со испраќање на основни податоци на кандидатите (име и презиме, телефонски број и место на живеење/престој) на civil@civil.org.mk. За повеќе информации кандидатите може да се јават на 02/5209176.

Семинарот во Велес ќе се одржи во хотел Гарденија од 11 до 17 часот. Право на учество имаат граѓанките и граѓаните од општините Велес, Свети Николе, Градско, Лозово, Росоман, Чашка, Кавадарци и Неготино.

Семинарот во Штип ќе биде во Домот на млади од 11 до 17 часот. Право на учество имаат жителите на општините Штип, Виница, Берово, Делчево, Кочани и Пробиштип. ЦИВИЛ ги покрива патните трошоци на сите учеснички и учесници.

Tags: Велесграѓанските новинарки и новинарисеминарЦивилшансаШтип
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ