• Latest

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против две лица за загрозување на независноста

July 27, 2018
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против две лица за загрозување на независноста

July 27, 2018 16:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по целосно утврдување на фактите во предметот отворен по кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „загрозување на независноста“, донел решение со кое се отфрла кривичната пријава бидејќи пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност.

– Беа испитани наводите во пријавата поднесена од Граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење „Преродба“ – Движење на носителите и бранителите на државниот суверенитет „Македонска преродба“ според кои двете обвинети лица – носители на високи државни функции потпишале конечна спогодба со која биле разнишани темелите на постоењето на Република Македонија, како и со која се врши разнебитување и културен геноцид врз Македонците и Република Македонија, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Во поднесената кривична пријава, обвинетите лица биле пријавени и за сторено кривично дело „злосторство против човечноста“ од член 403-а од Кривичниот законик, за кое кривично дело надлежно за постапување е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од тие причини, кривичната пријава против пријавените за ова кривично дело ќе биде доставена на надлежно постапување на тоа јавно обвинителство.

– За да постои кривичното дело „загрозување на независноста“ од член 308 од Кривичниот законик, потребно е лицето кое го врши ова кривично дело со умисла да ја доведе Република Македонија во состојба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Под независност се подразбира изградба на општествен систем без туѓи влијанија, како и слободно и рамноправно стапување во меѓународни односи и водење политика во тие односи без туѓи влијанија, се вели во соопштението.

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на спомнатата Спогодба, тргнувајќи од Преамбулата во која се изнесени целите на актот и нејзините основни начела, оценило дека при склучување на Спогодбата договорните страни се повикале на начелата и целите на Повелбата на Обединетите нации, Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година, релевантните акти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и вредностите и начелата на Советот на Европа. При тоа се воделе од духот и начелата на демократијата и се повикале на нивна обврска согласно Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, под каков било изговор и во било која форма, да не се мешаат во внатрешните работи и надлежности една на друга. Надлежниот јавен обвинител ценеше дека пријавените при потпишување на Спогодбата не биле ниту под влијание, ниту пак имале помош од државата кон која нашата земја се доведува во потчинетост или зависност, уште повеќе што по потпишувањето на наведената Спогодба следат и други правни инструменти – ратификација и референдум, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Tags: ОЈОотфрли обвинение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ