• Latest

На „МакеДокс“ за една недела ќе бидат прикажани 70 филмови

August 14, 2018
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На „МакеДокс“ за една недела ќе бидат прикажани 70 филмови

August 14, 2018 13:24
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со прикажување на краткометражниот филм „Вај – Фај плаза Куба“ на режисерот Адријан Келтенборн во чешко, кубанска и шпанска копродукција и на долгометражниот филм „Кеди“ на режисерката Сејда Торун во американска копродукција на 16 август во Куршумли-ан ќе биде отворено деветтото издание на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“. На него ќе бидат прикажани 70 филмови.

„Реалноста режира, ние правиме филмови“ е мотото на фестивалот, што ќе заврши на 23 август, а освен во Куршумли-ан, ќе се одржува и на платото пред Музејот на Македонија и во Музејот на современа уметност во Скопје.

Ова денеска на прес-конференција го истакна Петрула Вељановски, селектор на програмата „Земјата во фокус“, која годинава ќе биде посветена на полските документарни остварувања. Таа рече дека по филмската програма на отворањето ќе се одржи и концерт на групата „Џими Барка Експириенс“.

– Ова издание на „МакеДокс“ ќе биде посветено на режисерите на документарни филмови, а овој концепт сакавме да го поддржиме со две значајни работилници на Пирјо Хонкасало од Финска и Војцех Старон од Полска, двајца признати и познати режисери на документарни филмови во Музејот на современа уметност, додаде Вељановска.

Селекторот на главната програма на Фестивалот, Петра Селишкар на прес-конференцијата рече дека во селекција се повеќе филмови од нови автори.

Филмовите се распределени во пет натпреварувачки категории и тоа во главната програма во рамки на која филмовите ќе се натпреваруваат за наградата „Стар кромид“, програма на нови автори, каде филмовите ќе се натпреваруваат за наградата „Млад кромид“, програма на кратки филмови во рамки на која ќе биде доделена наградата „Сечкан кромид“. Ќе бидат доделена и наградата за Етички идеи, а ќе има и студентската програма каде филмовите за деца и млади се натпреваруваат за наградата „Кокарче“, беше истакнато на прес-конференцијата.

Во рамки на Фестивалот ќе се одржи фотографска работилница, а ќе се одржи и пикник на кој млади уметници ќе ги продаваат своите ракотворби. (МИА)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ