• Latest

Конкурс за најдобри новинарски стории од општествено-социјалниот живот

August 14, 2018
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Конкурс за најдобри новинарски стории од општествено-социјалниот живот

August 14, 2018 13:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објави конкурс за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани што ќе биде отворен до 10 септември годинава.

Јавниот повик, велат од СЕММ, е отворен за сите професионални новинари и редакции, кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 јуни 2017 година до 1 јуни 2018 година. Пријавените содржини треба да ги исполнуваат критериумите за автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес која ги задоволува етичките стандарди во новинарството, преку демонстрирање силна определба на авторот за доследна и темелна разработка на темата.

Изработената содржина може да биде во каква било новинарската форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју…). Сторијата може да биде пријавена од самите новинари и медиуми или од поединци, институции и граѓански здруженија. Бројот на сториите со кои што може да учествува еден автор или редакција е ограничен на три.

Апликациите може да се испраќаат на електронска пошта на konkurs@semm.mk, потребно е да се наведе линк до новинарската содржина и таа да се прикачи како додаток во е-пошта (pdf документ), по пошта на адреса: Совет за етика во медиумите на Македонија бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.54/2, 1000 Скопје, содржината да се достави во пет примероци и копија на ЦД (од печатените и од аудиовизуелните материјали), како и лично да се достават во просториите на Советот за етика во пет примероци (и копија на ЦД од печатените и од аудиовизуелните материјали).

Најдобрите стории ќе ги одбере жири составено од реномирани и релевантни претставници на професијата. Авторите на најдобрите стории ќе добијат парични награди во износ од 700 евра (во денарска противвредност) за прво место, 600 евра за второ место и 500 евра за трето место.

Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на телефонскиот број 02/3222-595.

Tags: конкурсСЕММ
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ