• Latest

За грст рубљи

September 6, 2018

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

За грст рубљи

September 6, 2018 12:13
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќа разговараме со еден мој близок другар за референдумот (за што друго?). Ми раскажува за еден свој бизнис соработник, непоколеблив приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на денот имале бизнис средба и разговарале за референдумот (за што друго?). Неговиот соговорник до неодамна бил редовен учесник во протестите против НАТО и ЕУ интеграцијата на Македонија и против Спогодбата со Грција. Бил дел и од бојкотирачите. Често се зајадувале на таа тема. Бизнисот, секако, си врвел, бидејќи кога шумата гори, лавот и срната заедно спијат. А македонската економија е како опожарена шума, тоа знаеме…

Џабир Дерала

Кај неговиот бизнис соработник се случил драматичен пресврт. Раскинал со своите другарчиња бојкотирачи и одлучил да гласа на Референдумот. Не само тоа, туку ќе гласа ЗА и дека не е единствен, му се доверил на мојот другар. Без намера да се расправам со ботовите, ве уверувам дека мојот разговор со другар ми навистина се случи и дека тој нема, ама баш ниедна, причина да измислува.

Одлуката за драстичната промена на ставот на овој приврзаник на иницијативата за бојкот се совпаѓа со патетичниот говор на Груевски од пред некој ден, но и со „топењето“ на Мицкоски кој, соочен со бруталните факти на реалноста, полека почнува да покажува симптоми својствени на разумни битија. Веројатно, како што отчукува часовникот и затворот за Груевски станува реалност (долго очекувана), попушта и притисокот на еден од главните во Фамилијата врз Мицкоски. Уште ако знаеме дека бате Саше и Грујо одамна не се во добри односи, односно дека Мијалков му советувал на Мицкоски да го поддржи референдумот, ваквиот пресврт во размислувањата не изненадува.

Во минути се мери уривањето на поддршката за руските шпиони и националистички радикали на бескрајната Фејсбук лента, на тоа бизарно бојно поле од пропаганда, воајеризам и суети. Веќе лесно може да се препознаат и запомнат имињата на лажните профили преку кои се канализира омразата и деструкцијата, а оние што наивно (или платено) се впуштиле во вербалното дивеење под свое име, прекутрупа ги бришат своите постови и коментари, оставајќи една „шака јада“ да продолжи да се срами по социјалните мрежи. Да, тие останаа, за грст рубљи, да ја продаваат иднината на своите деца и газат врз сопственото и достоинството на своите блиски. На ова место, редно е да ги повикаме оние што немале намера да наплатат, туку бесплатно и несвесно одработувале за антимакедонските интереси, да се истопорат пред своите капитени и да им побараат пари. А потоа да одат на гласање и да гласаат по сопствено убедување, за или против, сеедно.

Како и да е, Кремљ (и неколку други центри) не успеа, наспроти упорната, долгогодишна и скапа операција, а Фамилијата (барем еден стратешки голем дел) нема изгледи за амнестија. Демократските десничари, разумни и чесни политичари во ВМРО-ДПМНЕ, ја добиваат својата шанса да ѝ помогнат на најголемата десничарска партија да закрепне, побрзо отколку што тоа се очекуваше само до пред неколку дена. Додека ги пишувам овие редови, ми се врти песната „Jedan poziv menja sve“ од Партибрејкерс. И повторно сум пресреќен со работата на СЈО. И со насмевка се сеќавам на своите чевли и јакна испрскани со бои, сина и портокалова, мислам.

Во меѓувреме, поголемиот дел од луѓето сфатија и дека ова НЕ СЕ ИЗБОРИ, туку дека е изразување на граѓанската волја. Дека ова нема врска со грешките на политичарите, било да се во опозиција или на власт, туку со стратешките интереси на секое семејство и на целата земја, со стандарди, демократија, право и… опстанок. И тоа пристоен. „Македонија – пристојно место за живеење“ (проф. Ѓорѓе Марјановиќ, 1990) изгледа и не е толку недостижен политички слоган.


Насловна фотографија на Александрос Стаматиу

Објавено и во Плусинфо и „Слободен печат“ (7 септември 2018 г.)

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share120TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ