• Latest
Добро утро со Орданоски

Мажоретките на ВМРО-ДПМНЕ

September 11, 2018

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Мажоретките на ВМРО-ДПМНЕ

September 11, 2018 07:43
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Ч[/dropcap]овек да не поверува, но раководството на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го соопшти ставот на партијата во врска со закажаниот референдум. А ставот е: дека идниот понеделник партијата ќе излезе со став во врска со референдумот. Тогаш и дефинитивно ќе одлучат дека со став за референдумот треба да се причека, додека не се направат сите анализи за градење на таков став. Кај и да е, се очекува опозицијата да изгради став по референдумската „направија“ некаде околу Нова година. Не оваа, идната. Кога Македонија веќе ќе биде и формално прогласена за членка на НАТО.

Со таквото деликатно чувство за историски тајминг, сегашното раководство на опозицијата реши да изврши политичко самоубиство. На домашен и на меѓународен план. Оти, да се калкулира со поддршката на историски одлуки кои за нациите, по општите скромни капацитети слични на македонската, им се укажуваат еднаш-двапати во векот, е рамно на, повторувам, политичко самоубиство. Па, не е ова прашање еднакво со дилемите за висината на данокот или за начинот на изборот на судии, да речеме; нерешавањето на ова прашање, за евро-атлантската иднина на земјата, може, на релативно куси историски патеки, да ве ослободи од потребата да имате политика во однос на даноците и судиите воопшто – бидејќи во неколку варијанти на таквата релативно лесно предвидлива иднина ќе нема ни даноци ни судии за кои ние, како држава, ќе треба да решаваме.

Сепак, да не сме престроги кон Мицкоски? Да не сме нефер, пристрасни, тенденциозни? Да не очекуваме тој да испорача нешто за што, реално, иако има формален мандат, нема суштински „управувачки“ капацитет?

На пример, го контролира ли Мицкоски барем мнозинството во пратеничката група на ДПМНЕ во Собранието? Не… Го контролира ли барем мнозинството во врвните колективни тела во партијата? Не, иако можеби мисли дека да… Ги контролира ли преостанатите вмровски медиуми? Не… Ја контролира ли платената бригада ботови и плукачи по социјалните мрежи? Не… Го контролира ли текот на парите во партијата? Не знам, најверојатно не… Има ли контрола врз порадикалните струи и групации во и околу партијата? Не само што нема, туку може и ќотек од нив да изеде… А нема влијание ни врз процесот за тоа дали оние кои му ги контролираат сите претходно наведени ресурси можеби ќе завршат в затвор.

Значи, затоа е ова политички суицидно доцнење со одлуката за референдумот, бидејќи таа се носи на друго место, таму каде што се располага со ресурсите кои можат да овозможат пазарење. На Мицковски му е оставено да „купува време“ во име на создавањето маневарски простор за пазарењето, како мажоретка која ја забавува публиката меѓу две полувремиња од натпреварот, додека тренерите договараат стратегија за продолжението на натпреварот.

Само што математиката направена дома и математиката кога ќе отидете на пазар никогаш не се поклопува. Го „потрошија“ Мицкоски како гумичка на молив што се троши кога правиш пиши-бриши, а пазарлакот никако да им успее. За сега. Бидејќи тие се надеваат дека нивните преговарачки „пет минути“ допрва доаѓаат, кога по успешниот референдум ќе се влезе во собраниската процедура за менување на Уставот. Тогаш „жетоните“ за уцена на иднината на сопствената држава – овие другите мажоретки, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието – ќе имаат најголема вредност во таа фаза на пазарењето. Тогаш ќе дојде ред за нивно трошење, како што сега редот му поминува на Мицкоски. Па ако мислевте дека сега присуствуваме на лоша претстава во режија на опозицијата, препорачувам да си ги сочувате нервите за петпарачката собраниска драмолетка што допрва следи.


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕМицкоскиодлукапартијареферендумСТАВ
Share245Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ