На инфо-штандот на ЦИВИЛ денеска граѓанките и граѓаните на Шуто Оризари имаа можност да ги остават своите пораки, размислувања и ставови во врска со претстојниот референдум. Пораките што ги оставија граѓанките и граѓаните беа претежно за поддршка на Референдумот.
„Ромите сакаат во ЕУ“, „Со пенкало во ЕУ“, „Ќе гласам – за“, „Да влеземе во Европа и никогаш да не излеземе“, „На Ромите им треба интернационален пасош“, „Ќе гласам за 500 евра плата“… се само дел од пораките што ги напишаа жителите на Шуто Оризари.
Инфо-штандот е дел од проектот „Гласам, значи постојам“, поддржан од амбасадата на САД во Скопје.
Дехран Муратов