• Latest

Тага и осаменост

September 13, 2018

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Тага и осаменост

September 13, 2018 10:19
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Живеам сам во куќа од 100 квадрати“ – ми раскажува еден човек на возраст од околу 70 години во едно помало гратче во Вардарскиот регион. Ќерка му и синот се заминати во странство пред повеќе години. Еднаш бил во посета на ќерка му. Одушевен е како изгледа и како функционира Западот.

Џабир Дерала

Душата го болела кога се изјаснувал како Бугарин, за неговите деца да земат бугарски пасош. Стечаец е. Бил на неколку стотини митинзи и протести на ВМРО-ДПМНЕ од првата година кога се формирала партијата, кон крајот на 80-те. Лежел на патот во близина на граничниот премин со Грција, бил во истиот шатор со Филип Петровски кога во 1997 година се протестираше против високото образование на албански јазик, го тепала полиција повеќе пати… Но, по толку години протести и борби, размислува и чувствува поинаку. Му порачува на лидерот на неговата партија за која дал голем дел од животот, да се вразуми и да ѝ помогне на Македонија да влезе во НАТО и ЕУ. Тешко му е без децата. Во еден миг, очите му се насолзија, а на лицето му видов болка.

По изминати неколку стотини километри на потегот од Скопје до Кавадарци и назад, по посетата на 6-7 гратчиња на тој потег, седам во нашата службена канта на тркала и ги прегледувам видео снимките од моите колешки и колеги. Во соседниот град, разговарале со еден повозрасен граѓанин. Одговара на прашањето дали има разлика меѓу патриотизмот и национализмот. Се смета за патриот. На разделба со мојата екипа, тој се растажува, затоа што „останавме без младите“, како што рече. На очите му појдоа солзи.

Го затворив лаптопот. Имаше уште десетина снимки во фолдерот. Решавам да ги гледам во друга прилика, да го конзумирам очајот на моите сограѓанки и сограѓани во делови, во помали порции. Ме погодија солзите на овие добри луѓе во поодминати години, нивната осаменост и болка по најмилите што се заминати в туѓина во потрага по подобар и подостоинствен живот.

На претходното патување низ Пелагонискиот регион, налетав на уште такви приказни. И таму, повозрасните раскажуваат како се изјасниле како Бугари, за да им помогнат на децата да добијат ЕУ пасоши. Но, имаше и поинаков вид „средби“. На неодамнешната посета на Битола кога тимот во кој бев јас правеше улична презентација на проектот за граѓанско новинарство, кај штандот застанаа и кратко се задржаа двајца битолчани во нивните рани триесетти години од животот. Едниот, повисок, со напумпани рамена и раце од претерано вежбање, бричен во главата, проследи неколку слајдови, по што ми дофрли нешто не многу артикулирано за продажбата на името. Потоа двајцата прснаа во смеа и брзо си заминаа, смеејќи се на глас.

Тогаш, се сетив на еден легендарна преписка на графити на поштата во Сараево во 1992 година. Некој напишал: „Ово је Србија!“. Под тој графит, некој одговорил: „Ово је пошта, будало!“ На сличен начин размислувал и оној што го преправил графитот на еден од ѕидовите кај ГТЦ. Остроумниот активист го преправил графитот „Смрт за Шиптарите“ во „Смрт за омразата“. Браво! Потпишувам со двете раце.

Овие денови, собираме пораки и мислења низ Македонија. Убаво е да се види дека најголем дел од луѓето низ нашата земја се добри и чесни луѓе, добронамерни и мудри. Страшно е тоа што помалите места се речиси празни. Млади нема. Заминати се. И заминуваат. Секој ден.

На таблата што ја поставуваме има разни пораки. Од „Името не го даваме“ и „Бојкотирам“, до цитати од кампањата „За европска Македонија“. Но, најсилен впечаток ми оставија две пораки. „Стоп за бугарски пасоши“ – порака што навидум нема врска со претстојниот референдум, но длабоко е поврзана со егзодусот на младите од Македонија. „Ако веќе мора да одиме во Европа во потрага по работа и посреќен живот, барем да одиме со македонски пасоши, како Македонци“ – ми вели авторот на пораката, малку помлад од мене, интелектуалец од Скопје.

Втората порака што сакам да ја споделам денеска е уште потажна. „Нека е и Северна, само леб да има“ – напиша една повозрасна граѓанка на таблата. Го уважувам и почитувам, но не сакам да го прифатам овој аргумент. И знам дека има повеќе и далеку подобри аргументи да се слушнат и разменат во овој процес. Но, морам простум да застанам пред осаменоста на луѓето, нивната тага по децата заминати на Запад. И нивната нескриена среќа што нивните деца, сепак, живеат живот далеку подобар од овој што го овозможи мојата генерација.

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Share111Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ