• Latest

„Остен“ одбележува 50 години Светска галерија на карикатури

September 13, 2018
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Остен“ одбележува 50 години Светска галерија на карикатури

September 13, 2018 14:58
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Годинава Остен – уметност на хартија одбележува голем јубилеј, 50 години Светска галерија на карикатури. Во 2018 година е редовното издание на Остен – Биенале на цртеж. За промоција на овие две активности во следните три месеци е планирана разновидна програма, рече на денешната прес-конференција извршната директорка на „Остен“ Корнелија Конеска.

Во програмата се предвидени изложби, церемонија на доделување на награди и признанија, промоција на публикации од издавачката дејност на Остен и премиера на документарен филм. Официјалната програма ќе се одвива од денеска до 13 декември 2018 во галерија Остен, во Национална галерија на Македонија – Чифте амам и во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Централниот настан ќе биде на 22 ноември година во Чифте амам, каде е предвидено отворање на изложбата на селектираните автори на Остен – Биенале на цртеж Скопје 2018, доделување плакети и признанија на наградените уметници, отворање на документарната изложба „Светска галерија на карикатури (1969 – 2019) и доделување плакети на наградените карикатуристи на 50-та Светска галерија на карикатури Скопје 2018. Ќе бидат доделени и признанија на соработници на Биеналето на цртеж и на Светската галерија на карикатури.

Конеска нагласи дека на Остен – Биенале на цртеж Скопје 2018 досега пристигнале најмногу пријави, од 868 автори од 61 земја од светот. Пристигнале  вкупно 2.317 дела. Во март годинава беше соопштено дека Гран при за животно остварување доби Пјер Сулаж од Франција, а Хенри Мур постхумно е добитник на наградата Светско културно наследство.

Таа информира дека по селекцијата, интернационаното жири во состав Манос Стефанидис од Грција, професор на државниот универзитет во Атина и куратор на Националната галерија на Грција, Соња Абаџиева од Македонија – историчар на уметност, куратор и критичар и Мелани Зеферино од Обединето кралство/Италија – теоретичар и куратор со крос-дисциплинарна заднина, куратор на Биеналето на современа уметност Фиренца одлучило за доделување на наградите.

Оваа година се доделени и две посебни Гран при награди. Родољуб Анастасов е добитник на Посебно Гран при за извонредни уметнички достигнувања, а Посебно Гран при за придонес во светската уметност доби Пасквале Целона од Италија.

Родолљуб Анастасов

Првите награди на Остен – Биенале на цртеж 2018 се доделени на Себастијан Лубински од Полска – прва награда за цртеж, Олга Тобрелуц од Русија – прва награда за графика, Барбара Крол од Германија – прва награда за сликарство на хартија, Петре Николоски од Обединето кралство – прва награда за оригинално дело од хартија, Агњешка Јанкиевич од Полска-прва награда за млад уметник.

Доделени се три посебни награди од жири на Дарко Талески од Македонија, Херман Нордермен од Холандија и Анахита Јунеси од Иран и едно посебно признание од жири на Дорота Комар Змислони од Полска.

– Во соработка со Светската асоцијација на визуелни уметности традиционално се доделуваат награди на Остен – биеналето на цртеж. Наградата Уметник на светот на Франко Векиет од Италија и рамноправни три награди „Млад балкански уметник“ на Тијана Којиќ од Србија, Трајана Панајотова од Бугарија и Кристина Ѕани од Грција. Награди „Златен остен“ добија Ева Францова од Чешка, Нина Ансари од Германија, Светла Радулова од Бугарија, Сузана Мартин Виларубиа од Шпанија и Ахмед Албајрак од Турција, рече Конеска.

Награда „Остен“ добија Босук Ли од Јужна Кореја, Милан Андов Македонија, Харис Кондосфирис од Грција, Ангел Паневски од Германија и Јулио Гарај Теразас од Перу. Наградата на „Остен“ за легат му припаднала на Невзат Бејтули Кица од Македонија, наградата за индивидуално претставување на Хелен Шулкин на Германија, а уметниците од Бугарија ја добија наградата за национално претставување.

На прес-конференцијата присуствуваа уметникот Родољуб Анастасов и карикатуристот Драган Поповски, автор на публикацијата „50 години Светска галерија на карикатутри (1969 – 2019)“.

Во галеријата „Остен“ веќе е поставена првата изложба – дела од добитниците на главните награди: Пјер Сулаж и Хенри Мур од колекцијата на Остен Музејот на цртеж. Изложени се фотографии од францускиот фотограф Рено Рулман, кој ја документираше средбата на претставниците на Остен кои му врачија Гран при – статуетка (од авторот Петар Хаџи Бошков) на Пјер Сулаж во неговиот дом во Сет, Франција. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ