Во Музејот на град Скопје вечерва ќе се одржи изложбата „Архитектонски илустрации“, а графичкото решение на 19- то по ред Биенале на македонската архитектура е дело на уметникот Зоран Кардула.
„На оваа изложба ќе се претставам со мои илустрации кои ги имам направено на бруталистички објекти од Скопје, потоа тука е споменикот Македониумот во Крушево и секако дел од спомениците на НОБ низ Југославија кои сè уште пленат со својата убавина, архитектонски израз далеку пред времето и сè уште изгледаат авангардно. Изработени се во минималистички стил со цел да дојде до израз нивната убавина и моќ. На изложбата ќе имам 26 илустрации“, Кардула.
Илустрациите се дел од БИМАС.
Дехран Муратов