Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, испрати моќна порака на македонски јазик до граѓанките и граѓаните на Македонија.
Мојата животна поука е едноставна: Никогаш не ја пропуштајте можноста кога ќе ве повикаат да гласате. (#127474#)(#127472#) pic.twitter.com/zyfDHX45SM
— Donald Tusk (@eucopresident) September 17, 2018
„Во животот многу ретко добиваме можност да ја смениме својата судбина. Уште поретко можеме да ја смениме судбината на една цела нација. Тоа е моето лично искуство како Полјак. Геополитиката со децении не ни даваше никаква шанса. Но, пред триесетина години ни се укажа можност и покрај верувањата на многумина дека е невозможно нешто да се смени. Ги мобилизиравме своите пријатели и семејства и гласавме за таа промена. Денес, Полска ги користи неограничените можности кои ги нуди Европската Унија. Немаше да ви зборувам за ова денеска, ако не верував дека и вие ќе успеете. Мојата животна поука е едноставна: Никогаш не пропуштајте добра шанса кога ќе ве повикаат да гласате!“, порача Туск.
К. С.