• Latest

На 30 септември ја определувате својата иднина

September 18, 2018

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На 30 септември ја определувате својата иднина

September 18, 2018 10:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На 30 септември имате  единствена можност да ја определите својата иднина. Тоа е можност што се нуди еднаш во животот. Одлуката ќе има влијание врз граѓаните, нивните деца и на идните генерации кои се уште не се ни родени. Референдумот е уникатна можност да се донесе важна одлука со далекусежни последици, порача еврокомесарот Јоханес Хан по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Скопје.

Според него, важно е граѓаните да донесат информирана одлкука преку квалитетно известување.

– Информирајте се и искористете го демократското право на глас и слободен избор, особено младата генерација, Одете да гласате и одлучете за можностите кои ви се нудат, рече Хан.

Тој повторно искажа поддршка за договорот меѓу Македонија и Грција.

– Договорот е силно поддржан од меѓународната заедница зашто е чувар на земјата и на евроатлантските перспектива, но одлуката за него е одлука која граѓаните независно треба да ја донесат. Тоа ќе биде важен прилог за земјата и за регионот. Останува на вас да решите на 30 септември. Вратата на ЕУ е отворена, но вие решавате дали ќе ја искористите можноста. Нема време за губење, порача Хан.

Еврокомесарот потенцира дека иако не му се допаѓа кратенката ПЈРМ мора така да ја ословува земјата. Би сакал, рече, да ви се обраќам со Северна Македонија, а вие ќе одлучите дали тоа ќе можам да го направам.

Посочи дека во изминатите недели Скопје станало најпопуларната дестинација на политичарите од Европа и од целиот свет.

– Тоа е доказ колку се цени спогодбата со Грција и како на неа гледа меѓународата заедница. Во светот имало многу долготрајни конфликти, а ова е редок пример на нивно решавање, што е поздравено од меѓународната заедница. Тоа поттик за сите и покажува дека дури и замзрнатите конфликти можат да се решат, ако има добра волја, лидерство и одлучност, рече Хан.

Сепак, како што нагласи, конечната одлука зависи од граѓаните.

– Каква одлука и да се донесете ЕУ ќе биде на ваша страна, рече Хан.

Најави дека следната недела почнува скринингот односно подготвителните активности за преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Хан истакна дека пораката што ја упатил на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски е иста како онаа што ја упатува до граѓаните и сите останати чинители.

– Мојата порака кон него како и до премиерот и останатите лидери не само вчера, туку и претходно е дека станува збор за рефрендум за иднината на земјата и целата ситуација не смее да се исполизитира. Политичките партии треба да се воздржат од злоупотребување на ова за партиски цели, рече еврокомесарот потенцирајќи притоа дека во ваков круцијален момент не е момент да се играат политички игри.

Премиерот Заев посочи дека најважната одлука до почеток на преговорите со ЕУ ќе ја направат граѓаните на 30 септември.

– Република Македонија и нејзините граѓани ја ценат поддршката на ЕУ за унапредување на нашата држава. Денешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан го потврдува тоа. Имам само зборови за пофалба за кампањата „Замисли иднина заедно“ која ги потсети граѓаните за нераскинливите врски со ЕУ. Граѓаните никогаш порано не се чувстувале како дел од ЕУ како сега, рече Заев, додавајќи дека тоа се покажало и со неговото обраќање на мајчин јазик во Европскиот парламент.

Македонскиот премиер оцени дека секоја средба со лидерите на Европската унија во оваа фаза на патот кон ЕУ е огромна поддршка и оти круна на напредокот на државата ќе бидат претпристапните преговори со Унијата.

– На 27 септември ќе го започнеме скринингот, а до јуни ќе покажеме конкретни реформски чекори како владењето на правото, борбата против корупцијата и реформите во администрацијата, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан. (МИА)

Tags: „Замисли иднина заедно„ЗаевЈоханес ХанконференцијаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ