• Latest

Дескоска се сретна со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата

September 19, 2018
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дескоска се сретна со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата

September 19, 2018 13:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем беше во фокусот на денешната средба што министерката за правда Рената Дескоска ја имаше со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ), предводена од заменик претседателот Рамин Гурбанов. Мисијата е во дводневна посета за унапредување на соработката во областа на правосудната статистика во Република Македонија.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало за стратешките насоки на Министерството за правда за подобрување на информациските системи за управување со предметите и зајакнувањето на човечките капацитети во судовите и обвинителствата.

Министерката за правда ја запознала делегацијата со претстојните реформи и измени на Законот за судови, како и Законот за Судски совет, додека државните советници во Министерството за правда информирале за следните чекори во насока на подобрување на анализата и водењето статистика во областа на правосудната статистика.

Делегацијата на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ) изразила благодарност за досегашната соработка со Министерството за правда и истакна дека Република Македонија е во групата земји кои доставуваат обемни, солидни статистички извештаи од областа на правосудството.

Европската комисија за ефикасност на правдата – CEPEJ е формирана со Резолуцијата Рес (2002) 12 на Комитетот на министри на Советот на Европа.  Еден од основните мотиви бил фактот дека принципот на владеење на правото не може да биде обезбеден без “правични, ефикасни и достапни судски системи”.

– Во тој контекст посебно се истакнува значењето на меѓудржавната соработка која се одвива во неколку насоки како анализирањето на различните правосудни системи, олеснување на примената на меѓународните правни инструменти во однос на ефикасноста на правдата и дефинирање конкретни мерки што треба да го унапредат функционирањето на правосудните системи во Европа, се вели во соопштението од Министерството за права.

CEPEJ, покрај промовирањето на принципот на владеење на правото, игра значајна улога и во обезбедувањето на основните човекови права што произлегуваат од членовите 5 (право на слобода и безбедност), 6 (право на фер судење во разумен рок), 13 (право на ефективен правен лек) и 14 (забрана за дискриминација) на Европската конвенција за човековите права. (МИА)

Tags: Министерство за правдаРената ДесковскаСЕРЕЈ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ