• Latest

Наградата со која се фали Петир, е најблаго речено, безвредна!

September 27, 2018

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Наградата со која се фали Петир, е најблаго речено, безвредна!

September 27, 2018 14:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Навистина сум почестена со признанието ‘Македонски сенатор’, кое во име на Светскиот Македонски конгрес, во Скопје ми го врачи неговиот претседател Тодор Петров. Ова, најголемо македонско признание во светот за животот и делото на Македонците и пријателите на Македонија и македонскиот народ, за мене претставува не само вреден знак на пријателство, туку и признание за нашето меѓусебно разбирање и поддршка“, се пофали Маријана Петир, хрватска претставничка во Европскиот парламент. Веста која сама ја пласираше изминатата недела, медиумите во Хрватска ја пренесоа „здраво за готово“, без никакви потпрашања, прифаќајќи го тврдењето за „најголемото македонско признание“.

Но, порталот lupiga.com, го проблематизираше доделеното признание, во текстот чии делови ги пренесуваме.

„’Најголемо светско македонско признание’ или потполно безвредна плакета? Што навистина доби Маријана Петир и кој е всушност, Тодор Петров, личноста која и ја врачила оваа плакета, се обидовме да дознаеме од угледни интелектуалци од Македонија.

Претседателот на ЦИВИЛ, македонска невладина организација за човекови права и слободи и врвен познавач на македонската политичка состојба, Џабир Дерала, за читателите на Лупига објаснува зошто не треба да се импресионирани од гордите интерпретации за тоа дека се работи за „најголемото македонско признание“.

„Наградата со која се фали госпоѓа Петир, благо речено, е безвредна, колку што е всушност, и самата организација која ја доделува. Светскиот Македонски конгрес е организација на чие чело човекот кој е познат како хистеричен и радикален националист. Истовремено, тоа е и организација која немаше проблем да спроведува валкана пропаганда и работни задачи за поранешниот премиер Никола Груевски, веќе и правосилно осуден за сериозни коруптивни и криминални дела. Наградите од овој тип не говорат ништо добро за оние личности кои таква награда би прифатиле“, вели Дерала.

Македонската новинарка Кристина Озимец, инаку претседателка на Платформата за истражувачко новинарство и анализи, на нашето прашање каква тежина има наградата со која се фали европарламентарката Маријана Петир и дали навистина е тоа најголемото македонско признание, одговори низ насмевка, со контра-прашање – „најголемо признание?“.

„До вашето јавување, јас, за оваа награда никогаш не сум чула. Сум чула дека постои таа невладина организација за иселеници и таа, како и секоја друга невладина организација, има право да доделува некакви признанија на личности за кои смета дека се заслужни за такво признание. Но, тоа едноставно, не се најголемите македонски признанија, ниту пак се поврзани со некаква службена институција или престижна организација која би организирала вакво прогласување“, ни рече Озимец.

Нашите соговорници ги замоливме и на нашите читатели подетално да им го опишат Тодор Петров, кој во македонската јавност се перцепира како верна сенка на Никола Груевски. Тој во 2009 година дури се кандидираше во неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, за претседателското место.

Петров никогаш не отстапил од своите радикални националистички ставови, од самиот почеток кога се појави на политичката сцена во раните 90 години, тврди претседателот на ЦИВИЛ.

„Отсекогаш бил ревносен националист, но затоа, својот радикализам непречено го комбинира со профитабилни зделки со националистичките влади на ВМРО-ДПМНЕ, а имаше и прилично добар успех во собирање на финансиски средства од националистичкиот дел од македонската дијаспора. Неговите настапи и пропаганда често се полни со изразит говор на омраза, а беше и активен поборник на идејата за размена на население и територии за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година“, накратко сумира Дерала.

Петров во Македонија доби значајно медиумско внимание како почитувач на Андон Јанев – Ќосето, повеќекратен убиец од првата половина на дваесеттиот век, во служба на македонското националистичко движење околу организацијата ВМРО. Оваа контроверзна историска личност доживеа своја рехабилитација во време на владеењето на Никола Груевски, па не е ни чудно што доби и споменик во состав на апсурдниот мегаломански проект „Скопје 2014“ чиј гласен заговорник беше токму Петров.

Со доаѓањето на социјалдемократите на власт, споменикот на Ќосето беше отстранет, а Петров, во знак на протест, под празниот постамент запали свеќа. Понатаму, пред две години е забележан и напад врз Петров во населбата Бутел во Скопје, предводен од албански член на општинскиот Совет. Нападот се случил заради поставувањето на голем крст на влезот во населбата.

Од активностите на Светскиот Македонски конгрес се истакнува нивниот крајно цврст став против промена на името на Македонија, па дури и преговарањето околу истото го наркуваат „злосторство против човештвото, геноцид над македонскиот народ и предавство“. Во ист дух СМК повикува на бојкот на претстојниот референдум за Договорот со Грција околу името.

И додека соседите ги прозиваат за нацистички однос кон Македонците, истовремено, за прашањето на референдумот соработуваат со екстремно десничарските организации, како „Тврдокорни“ или верското движење „Христијанско братство“.

Што се однесува до односите кон најголемото, албанско малцинство, систематски ја шират омразата кон нив, тврдејќи дека пописот на населението е измама и дека ги нема во толкав број. Целта е намалување на влијанието на Албанците во државната администрација.

Треба ли да не чуди поврзаноста на овие организации со Маријана Петир, чии јавни настапи, меѓу другото, знаат да добијат и други титули како „Хомофоб на деценијата“, „Женски Степинац на 21 век“, „Најпримерна жена“ – натпревар за сервирање на маса, или дури и марширачка на „Од за живот“ и тоа во друштво на осудениот воен злосторник Дарио Кордиќ, чија најмлада жртва беше тримесечно бебе.

Во однос на светогледот, не е чудно што Петир пронашла свои истомисленици токму во владата на Никола Груевски и неговите поддржувачи…“

 

Текст и фотографија: lupiga.com
Превод: Маја Ивановска

Tags: „Македонска сенаторска“ЕПЛупигаМакедонијанаградаПетирПетровСветски македонски конгресЌосе
Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ