• Latest

Талкање низ историските и политичките лавиринти

October 10, 2018

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Талкање низ историските и политичките лавиринти

October 10, 2018 13:17
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако нема институционален одговор на радикалниот национализам и повредата на човековите права и слободи, особено на правото на глас, не е голем проблем, тоа просечниот македонски граѓанин или граѓанка ќе го поднесат. И нема одговорност, туку само втерување во трлото… Замачкување, па заборавање на проблемите… А потоа настапува пазарењето во парламентот, клубот на пратениците или по кој знае какви кулоари, ќе се „подмачкаат“ тркалата привремено и ќе се продолжи со талкањето низ историските и политичките лавиринти…

Џабир Дерала

Сѐ уште ми пристигнуваат десетици пораки дневно од револтирани граѓанки и граѓани, вклучувајќи и наши сограѓан(к)и во дијаспората. Лути им се на институциите, особено на ДИК, поради сета референдумска збрка и притисоците низ кои мораа да минат минатиот месец.

Максимална политизација (партизација)

Процесот беше политизиран (партизиран) до максимум, нешто што не требаше да си го дозволи ниедна од засегнатите страни (мали и големи партии, владејачко мнозинство, ЕУ, медиуми, невладини, опозиција, бојкотирачи, радикали, фашисти и руски ш/пиони…). Не е чудо што повеќето граѓанки и граѓани имаа чувство дека се фатени во вителот на уште една предизборна кампања, а не дека се повикани да гласаат за референдум.

Поуки, по сѐ изгледа, никој нема намера да извлече. Радикалите во земјава тријат раце, затоа што институциите, уште еднаш, не покажаа дека знаат да се носат со одговорностите што ги следат вакви процеси.

Никој не очекуваше дека европеизирањето на Македонија ќе биде лесно, особено по децениското разградување на демократското ткиво и жестоката поделеност во општеството по етничка, верска, политичка и социјална линија. И по мафијашка линија, се разбира… Но, институциите, иако имаат (релативно) добри и искусни кадри, а не им недостасуваат ни пари и други ресурси, потфрлуваат во стратешки важни моменти на теми што се посебно важни за сите нас, обичните смртници, а не за елитите.

И тоа, најчесто, паѓа врз грбот на луѓето, ги крши нивните основни човекови права и слободи.

Сосема непотребна политичка криза

Политичката криза што ја наметнаа антизападните структури, помогнати со пари од крајно сомнителни извори (од внатре и од надвор), можеше да се избегне многу комотно, да беа завршени домашните задачи во клучните сектори на системот. Значи, сосема непотребно. Апсурдно! Сега, наместо пазарење, па натегање и извонредно високи можности за избивање на етнички тензии, можевме да се занимаваме со политички, правни и развојни аспекти на процесите во нашата земја.

Но, тоа не им одговара на апашите, не им одговара на ловците во матно, на трагачите по профити (финансиски и политички), не им одговара на оние што на Фејсбук се „збогуваат“, а по телефон издаваат наредби за нови потези за да се спасат од затвор… Не им одговара ни на билмезите, бидејќи така ќе треба да работат и да бидат одговорни.

Кога ќе се размисли и преброи малку подобро, па и не остануваат многу луѓе на кои може да се потпрат одговорните луѓе во политиката и системот. А и тие се опкружени, ако не и вплеткани, во густа мрежа од интереси и сплеткарења…

И повторно, правото на глас…

По не знам кој пат, учествував во уште едно обраќање до јавноста и институциите, во кое јас и моите другарки и другари баравме одбрана на правото на гласачите. Сакам овде, уште еднаш да повторам дел од тие согледувања.

Зошто други да го јадат стапот?

Очигледно, институциите, почнувајќи од изборната администрација, завршувајќи со парламентот, не покажа доволно слух за сопствените пропусти, а последиците од нивната неспособност да ги решат проблемите, повторно ги поднесоа граѓанките и граѓаните со право на глас. Наспроти алармите и препораките во минатото, институциите и парламентарните политички партии, не најдоа време да создадат пристојни услови за искористување на правото на глас на секој граѓанин или граѓанка што ќе се појави на избирачкото место.

Така, не е мал бројот на граѓанки и граѓани со право на глас што не успеваат да гласаат од најразлични, некогаш и крајно банални причини. Набљудувачите, оние непартиските, како на ЦИВИЛ, постојано пријавуваат за повреди на правото на глас. Ако УВ ламбата не работи, гласачот е тој што ја трпи последицата од неажурноста, па не гласа. Ако гласачот не е во Избирачкиот список, едноставно, не може да гласа, без оглед на тоа што некои од нив биле во него при електронската проверка. Некои не можеа да гласаат затоа што истекол рокот на важноста на нивниот документ за идентификација, иако се на Избирачкиот список. Некои гласачи биле оневозможени да гласаат, затоа што прво биле означени, за да се утврди дека се преместени од едно на друго избирачко место, каде што веќе не можат да гласаат, бидејќи се веќе означени на претходното место каде што се обиделе да гласаат.

За неможноста да гласаат оние што се на патување во странство и да не говориме. Дел од затворениците или оние што се во болниците, исто така, не успеваат да го искористат своето фундаментално право, правото на глас, повторно, поради неажурноста и ригидноста на системот и недостатоците во законската регулатива. Нешто што во соседните држави е решено на едноставен и лесен начин, без оптоварување на буџетот, ниту на луѓето во администрацијата.

До некаде можеби и би можел да најдам разбирање за институциите што ригидно се држат до процедурите и законите, но само под еден услов – тие да се добри, доследни и прецизни. Но, кога токму од нив произлегуваат грешките, не можам да прифатам други да страдаат поради тоа. Крај на прикаската! Ако се неспособни, нема зошто други да го јадат стапот!

Нема оправдание за билмезите

Но, во Македонија, илјадници луѓе што со насмевка и пошле на гласање, се вратиле дома навредени и револтирани. Просто неверојатно е колку може оваа ситуација да се случува одново и одново, а никој да не се засрами од тоа и да се фати за работа, за сосема малку работа. Па и нека бидат мрзеливи да ги избришат фантомите и починатите лица, но несфатливо е како дозволуваат постојано да има луѓе што не успеваат да го искористат своето право на глас. Дури и еден ваков случај е премногу!

Ако само еден од 300-те набљудувачи на ЦИВИЛ успеа да регистрира над 100 гласачи чие право било ускратено, во само една општина, размерите на овој проблем може само да се замислат. Но, не постои институционален одговор, ниту волја да се утврди која е бројката на лица што се вратиле од избирачките места, без гласање.

Државната изборна комисија и законодавниот дом, Собранието на Република Македонија, немаат ни едно оправдание за својата неажурност и неспособноста да ја исполнат уставната обврска – да обезбедат почитување на правото на глас.

Секој граѓанин или граѓанка што ќе се појави на избирачкото место, чиј идентитет може да се утврди според документ за лична идентификација од кој се гледа дека тој или таа е граѓанин/граѓанка на Република Македонија – треба да гласа. Тоа е уставно гарантирано право.

Нема оправдание за игнорантското однесување на институциите и изборната администрација. Нема оправдание за билмезите, а оние што згрешиле, намерно или ненамерно, мора да одговараат. Не е тешко, само треба да се сака.

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Share66Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ