• Latest

Мајчин Дом

October 12, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мајчин Дом

October 12, 2018 12:02
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

1.

Ова е време во кое мораме да се освестиме и инстантно да се разбудиме од закржлавениот сон во кој никако не смеевме да си дозволивме да бидеме толку долги години. Подеднаков алал и на оние кои не спиеја за време на бурата и гласно говореа против истата, и на оние, се разбира во иронична конотација, кои решија да ги преспијат сите тие долги години мачење. За сите нас, денес толку многу се гласни што сето тоа мене лично ми создава раштимана галама.

Пишува: Војо Цветановски

Еден куп текстови и притисоци стигнаа до мене деновиве. Некој дури и ми ги дупна гумите, во неколку наврати, на моето основно превозно средство – велосипедот, онака крвнички, претпоставувам само заради тоа што сум напишал текстови или отворено сум имал ставови кои нив / нему, сеедно, текстови кои никако не им биле допадливи. Едно ќе им порачам: тоа не е начин, другари. Можете да замислете само што би се случило доколку сите поченеме така да функционираме. Сето ова би се претворило во ужас. Устава пена ми фати објаснувајќи дека е сосем здраво едно општество да има поделени ставови по одредени прашања, и за истите да се дебатира. Долго, долго, долго … попрецизно кажано: здраво е да имаме различно мислење.

Ни во лудило немојте да ме етикитирате некако. Особено не политички. Мојата борба е општествено социјална и никаква поинаква, ниту пак некогаш била. Секогаш гласно ќе зборувам доколку забележам дека некаде има сериозен проблем.

2.

Во месец март оваа година, за прв пат, после долги години се собравме кај Мајчин Дом да играме фудбал во знак на протест против градење на неаква си зграда таму. На тој простор игравме фудбал уште како деца, бидејки јас пораснав во маалото попознато во градов и како „Три Бисери“. По протестниот натпревар, Маја од Цивил, ми предложи да пишувам текстови за нивниот интернет портал ЦИВИЛ Медиа, за што јас со задоволство се согласив. Еве до денес тоа и го правам, два пати седмично. Ви се обраќам преку истиот медиум со општествено одговорни текстови, приказни кои раскажуваат за скопските урбани херои, приказни од градскиот асфалт, скопски ситуации, репортажи од моите патувања итн. Моите кратки текстови имаат една единствена цел: да испратат порака за подобро утре, за сите нас.

Откако заврши натпреварот,  додека се враќавме накај дома пријател со кој движевме заедно ме праша:

– Доколку не беше ова што си денес, што ќе беше во животов?

– Фудбалер. – му одговорив како од пушка. – Фудбал, друже, фудбал играв активно се’ до 1998 година, редовно игравме, тука кај нас во маало, по тревниците. Дури еден период и тренирав фудбал. Оние што ме познаваат, односно оние што играа фудбал со мене можат да го потврдат мојот, нескромно кажано, вонсериски талент. Прашај ги. – му реков и гласно се изнасмеавме.

Тука заврши нашиот разговор. Веќе никогаш после тоа не се собравме да играме фудбал кај Мајчин дом, имаше одредени иницијативи, но, безуспешно. Секој со своите обврски, а и она за кое се бевме собрале тогаш таму не почнуваше да се гради, што мене ми индицираше дека можно и да сме успеале со нашата иницјатива?

Завчера вечерта, доцна во ноќта осамнаа фотографии на фејсбук во кои се гледа како багери влегуваат на тревната површина точно таму, кај Мајчин дом, и паралелно со тоа се ставаат тараби за да отпочне изградбата на зграда. Долго гледав во фотографиите. И прво што ми падна памет беше тоа дека на ова место го дадов првиот гол кога игравме фудбал маало на маало, како што порано се правеше во Скопје. Игравме наше маало „Три Бисери“, против „Зелените“. Тоа беше 1992 година. Инаку од тогаш па се до 1998 активно игравме фудбал секоја сабота без исклучок, по тревниците на Аеродром, некогаш тоа се случуваше и во текот на работната седмица. Фудбал во Аеродром, во тоа време се играше нон стоп. И не само во Аеродром, во цело Скопје се играше фудбал, особено по тревниците, со стативи од камења или од јакни или од ранците од школо, сеедно. Денес тоа веќе, за жал, не е практика. Не се игра фудбал по тревницте во Скопје, сега има некакви модерни балони со вештачка трева кои ги собираат скопјани за да се рекреираат во продолжение од 60 минути. Толку е терминот. Порано на зелените површини игравме по цел ден, на отворено, на чист воздух.

Денес, Скопје речиси и да нема зелена површина, чест на исклучоци, тука мислам на Кисела Вода. Кисела Вода е се уште, колку – толку зелена.

Денес во Скопје многу е тешко да видиш како деца играат фудбал на зелена – јавна површина. Кога ќе начекам нешто такво застанувам и уживам во маалските витешки борби на зелениот терен.

Денес, Скопје е претворено во урбана џунгла. Град во кој се изградија згради на секој чекор, град во кој се ничкосува зелената површина на сметка на бетонот, град кој е еден од најзагадените на светско ниво, со понекогаш и над 1 000 ПМ честички на М3. И, да, знам дека е тешко да се врати назад зеленилото во градов, но, доколку може да се стопира она што не е започнато во името на нашето здравје и здравјето на нашите деца, јас гласно апелирам до надлежните институции тоа итно да го сторат на било која локација, вклучувајчи ја и оваа кај Мајчин дом, тука каде што го дадов првиот гол во мојата маалска фудблска кариера. Да престане да се уништува зеленилото во Скопје!

Да се обидеме да ги убедиме нашите деца да се вратат на зелените јавни површини и да почнат да играат фудбал таму каде што и ние игравме.

 

И додека ги пишувам овие редови читам дека веќе се договориле да се стопира градбата кај Мајчин дом, макар и на 15 денови, со цел истата да се стопира целосно, за да се договорат како да се спаси тоа земјиште таму. Се молам тоа да се случи, да остане отворено за да можеме нормално да живееме, да не не’ уништи сите нас.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share83TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ