• Latest

Богоевски: Подадена рака секому, амнестија никому

October 15, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Богоевски: Подадена рака секому, амнестија никому

October 15, 2018 14:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата па премиерот Зоран Заев, дека треба да си простат со опозицијата, односно  пораката за помирување и простување, во медиумите и на социјалните мрежи беше коментирана како нудење амнестија за обвинетите од настаните од 27 април.

На оваа тема за коментар го прашавме Павле Богоевски, независен пратеник и дел од коалицијата на СДСМ.

„Го слушав излагањето на премиерот и го сфатив како понуда за амнестија. Првин, дефинирано е како став амнестија нема за никого. Односно, ќе подадеме рака секому, но амнестија никому. Втора работа,  во зборовите на Премиерот јас слушнав повик за помирување. Нашето општество е длабоко поларизирано, односно длабоко поделено. И како такво многу е тешко да се изгради консензус за било кое прашање. Но, ова прашање е толку многу значајно што мора да изградиме консензус ако сакаме иднина за нашата земја. Ако општеството ни е поларизирано, Собранието е уште повеќе поларизирано“, рече Богоевски.

Тој додаде дека понудата е подавање рака прво на пратениците на ВМРО –ДПМНЕ од кои дел се на обвинителна клупа за 27 април.

„Подадена рака не значи ослободување од кривичен прогон и кривична одговорност. Судовите и институциите за прогон ќе си ја вршат својата работа. Со понудената рака понуди опција за ние внатрешно како дом да се помириме и да се обединиме за интересите на нашата држава. Не за амнестија, не за ослободување од прогон или пак за ослободување од одговорност. Ниту за настаните од 27 април, ниту за било кои случаи против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ или членовите на нивната коалиција“, објасни Богоевски.

Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 априлкоментарПавле Богоевски
Share92Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result