• Latest

Игра на троновите

October 21, 2018
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Игра на троновите

October 21, 2018 12:40
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Уште повеќе се разгорува внатрепартискиот судир во ВМРО-ДПМНЕ. Борбата за тронот на најбогатата партија е започната одамна, од мигот на демисија на Груевски, но сега влегува во критична фаза, по што Груевски, неговиот штитеник Мицкоски и голем дел од Фамилијата ќе ја изгубат својата моќ. Партијата се распаѓа, а драматичната завршница можеме да ја очекуваме до крајот на годинава. Да се надеваме, без (премногу) жртви.

Џабир Дерала

Успехот на парламентот по гласањето за започнување на процесот за уставните измени е придружен со сите стари, но и со нови ризици. Неколку функционери и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ „се спасија“ од понатамошен прогон, барем привремено, ако не и трајно. Дел од јавноста, восхитено ги нарече херои Канчевска-Милевска, Муковски и другите, што покажува колку е лесно да се заборави на нивните недела и основниот мотив за нивното гласање ЗА во парламентот. Од друга страна, тие навистина покажаа храброст да се истргнат, барем за миг, од канџите на Фамилијата. Таа храброст (со или без наводници), ја поттикнуваат повеќе фактори во и надвор од партијата, во и надвор од земјата. Тука спаѓа и дел од Фамилијата што веќе подолго време кокетира со новата влада и со дипломатскиот кор во земјава.

Клучната фигура

Се работи за клучна фигура што го напушти Груевски и неговите „верници“ чиј концепт е грчевита борба, до сега прилично неуспешна, да се извлечат преку предизвикување нови и нови кризи. Груевски веќе три години нема контакт со реалноста. Тој не може да прифати дека распоредот на силите е сосема различен од оној до пред кризата во 2015 година. Околу него се собрани фанатици и социопати од кои има и такви што веројатно никогаш немале контакт со реалноста. Погледнете ги случаите Ѓорге Фикус Иванов, Христијан Колено Мицкоски, на пример… Но, не се сите изгубени во својот фанатизам и неконтролиран апетит за моќ.

Сашо Мијалков, човек што размислува со ладна глава, брзо делува, флексибилен е и има добри и навремени информации. Како и не би, со толку информации на дофат на раката? По толку години на челната позиција во УБК, по долгогодишното прислушување, со контрола на клучни државни ресурси што ги користеше да изгради империја, тој е еден од луѓето со најточни информации за сѐ што можете и не можете да замислите.

Мијалков ги познава сите играчи во политиката, дипломатијата, бизнисот и безбедноста, некои подобро отколку што тие самите се познаваат себеси. Изгледа дека и богатството што го прибра за време на владеењето е далеку поголемо од она на неговиот „дил ориентед“ братучед-премиер. Но, како и секој добар бизнисмен, тој знае каде и колку да го одврзе ќесето, да „инвестира“ во своите следни чекори и позиции. Груевски, на пример, како да има змија во џебот – тоа што си го украл, негово си е.

Притоа, за разлика од неговиот фанатичен братучед Груевски, Мијалков е лишен од емоции што се однесува до политиката и моралот. Добро ги познава приликите и поседува талент за преговори, припрост, маалски духовит, но бескрупулозен и бесчувствителен. И – ни оддалеку не е глупав. Знае математика, за разлика од некои универзитетски професорки и професори. Затоа и не гледа потреба да се турка во редиците што маршираат кон тронот на ВМРО-ДПМНЕ.

Наследството на Груевски

Груевски во наследство остави една ригидна партиска структура во која се владее со страв, со корупција и клиентелизам, комбинација од милитантна и мафијашка организација, раководена од речиси окултна лојалност кон лидерот. Кога таква структура се ниша, може да се очекува бескрупулозна битка за освојување на лидерските позиции, нешто што не им е својствено на умерени и модерни политичари. Ним веројатно ќе им треба поддршка од членството, но и од јавноста, ако сакаат да го преземат кормилото на партијата.

Руските инсталации во ВМРО-ДПМНЕ се силни и нема да се предадат во ниеден миг. Тие не се наивни, ниту се обременети со емоции кон Груевски. Ќе го заборават многу брзо, ако веќе и не го заборавиле. Сега, за нив ќе биде важно да постават свој човек или да прифатат преземање на лидерските позиции од луѓе врз кои ќе имаат барем некакво, ако не и пресудно влијание.

Најлесно, најевтино и најефикасно е да се удри по етничките односи во земјата. Во комбинација со веќе разгорената онлајн пресметка со „предавниците“ во сопствените редови, тоа ќе биде дел од рецептурата за понатамошно попречување на процесите за македонското демократско заздравување воопшто, а особено во чекорите кон НАТО и ЕУ. Велам онлајн пресметка, бидејќи веќе е очигледно дека улицата веќе не е привлечна дури и за солзевци и бачевци, а да не зборуваме за апашиевци и ванкоци…

Говорот на омразата, лажните вести и животот

Ако Основното јавно обвинителство конечно прогледа, па почне да ги гони сторителите на кривични дела поврзани со говорот на омразата, можеби и тоа оружје ќе изгуби од својата острина и деструктивност, барем привремено. Сепак…

Да се очекува дека фабриката за лажни вести ќе престане со работа, би бил преголем оптимизам, но нивниот ефект значително ќе се намали. Ова повеќе ќе биде резултат од притисокот врз „производителите“ на лажните вести на меѓународно ниво, а не од било какво подобрување во работата на домашните медиумски газди и работници (за жал).

Како и да се погледне, процесот што започна, сѐ уште е на стаклени нозе. Значи, нема простор за опуштање. Ќе се соочи со безброј опструкции од внатре и од надвор. За среќа, Македонија ја ужива сета можна поддршка од САД и ЕУ, особено од Германија. Не изостанува ни поддршката од огромен дел од граѓанките и граѓаните чија определба е модерна и европска Македонија, па нека е и Северна, само да не биде ФИРОМ, како што беше до сега. Таа поддршка во голем дел е и заслужена и заснована на напорна работа на неколку посветени политичари. Еднаш, мора да признаеме дека и нешто добро се случува на палубата на овој предвреме остарен брод на кој му треба сериозно реновирање.

Сепак, редно е власта чиј мандат на централно ниво се приближува кон средината, а на локално ниво ја измина првата година – да поработи и по дома. Бидејќи, животот и понатаму стои, а Тато речиси ја смени сијалицата…

Елада

Играта на тронови во ВМРО-ДПМНЕ, руските баќушки, радикалите и криминалците не се единствените планини испречени на патот кон спроведувањето на Преспанскиот договор и кон ЕУ и НАТО.

Голем предизвик е и состојбата во Грција, каде што помирувањето што го започнаа Заев и Ципрас, им даде крилја на тамошните националисти и на клерот кои, исто како и овдешните, сесрдно ги поддржува Кремљ. Грчките парламентарни избори се во мај, 2019. Овој процес на спроведување на македонско-грчката Спогодба мора да заврши пред тие избори да се одржат. Токму на кусокот време сметаат сите што се противат на тоа Македонија да се стабилизира и да стане нормална земја.

Значи, не можеме да очекуваме чист и пристоен политички процес во наредните денови, недели и месеци. Ќе има многу тешки и напнати моменти, часови на исчекување, тензии, по некој инцидент… Ова не е нормален процес во нормална земја, а започнат е и се води за да стане токму тоа – нормална земја во која се одвива нормален живот…

Епилог

Во таква земја…

Политичките трикови и акробации се поважни од фундаментите на Уставот, Фејсбук диктира, а не резонира со јавни политики и политички трендови, универзитетски професор(к)и буквално се брукаат со тресење глупости (нема друг збор за тоа)…

Како асоцијални деца што немаат основно воспитание и не виделе ден школо, гледаме политичари, интелектуалци, новинари и онлајн манијаци што се препнуваат од сопствените амбиции да ги надитрат сите други. Градат цели кариери на споредни работи во политиката и животот.

И голем дел од нив ќе се провлечат низ ширум отворените врати на тесните интереси, но и мрзата, попустливоста и игноранцијата. И ќе владеат и понатаму…

За сега, без епилог во оваа сезона…

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Print Friendly, PDF & Email
Share103Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ