• Latest

Јанчев ќе тужи, Тодоров не се пронаоѓа во „секташка фракција“

October 23, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јанчев ќе тужи, Тодоров не се пронаоѓа во „секташка фракција“

October 23, 2018 14:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашното разрешување на потпретседателот на партијата и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, на синоќешната седница на Централниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, Јанчев се огласи на својот фејсбук профил. 

„На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ но и лично како индивидуа.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК даде предлог за мое разрешување од функцијата потпретседател. Како лидер на најголемата политичка партија во Република Македонија му доликува разрешувањето од функцијата потпретседател да го води крајно професионално па дури и да упати благодарност до мене за моите досегашни вложувања во партијата, но уште поважно да ја почитува функцијата Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО – ДПМНЕ која од досега сработеното носи само успех најмногу за Општина Кавадарци но и за ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Јанчев.

Според него, на вчерашната прес-конференција од Александар Николовски биле упатени ниски и агресивни обвинувања за закани, поткуп и криминал, кон Јанчев, рамо до рамо со Сашо Мијалков, и поради таквите навреди од Мицкоски и Николовски бара јавно извинување од двајцата.

„Во спротивно кон нив двајцата ќе поднесам приватни тужби за клевета и навреда на мојата личност.
Различниот став и различното размислување во една нормална модерна партија треба да бидат прифатени, дискутирани и потоа заеднички да се најде вистинскиот пат, но тоа не е случај и со ВМРО-ДПМНЕ. Моето залагање за партијата ќе продолжи со сите мои способности и целосна професионална посветеност. Различните ставови во една партија и почитувањето на истите можат само да водат кон прогрес и плодна почва за развивање на дискусии и создавање на темели за партија која ќе се движи кон посветла иднина.
Мојата почит кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ е голема и ќе продолжам гордо како Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да дејствувам во интерес на граѓаните“, додаде Јанчев на својот профил.

Никола Тодоров, на својот фејсбук денес напиша дека овој ден го дочекал со голема тема и разочараност, но не од фактот што е даден предлог за негово исклучување од партијата.

„Не, тоа не е причината за мојата разочараност, бидејќи знам дека не ме исклучија и не можат да ме исклучат од мојата партија. Ме исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во Анти-западна, Анти – ЕУ и Анти-НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси. Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам“, напиша Тодоров.

Според него, во неговата ВМРО, е забранет непотизмот и забрането е раководството од ОК и ИК да си ги вработат сите роднини во државната администрација или да си ги постават на високи партиски или државни функции.

„Мојата ВМРО-ДПМНЕ не е изолирана партија. Како што кажав мојата ВМРО-ДПМНЕ е европска, модерна, центар-десна политичка партија. И јас сум сеуште со срцето и душата во ВМРО-ДПМНЕ и никој, никој не може да ме исклучи од мојата партија. Семејството, државата и партијата ми се најважните“, додаде Тодоров.

Николоски изјави дека Митко Јанчев и Костадин Богданов се разрешени заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, заради силна соработка со Зоран Заев како и заради организирање на група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници од коалцијата, со цел да гласаат за уставните измени.

А. Петровска 

Tags: Александар НиколовскиВМРО-ДПМНЕМитко ЈанчевНикола ТодоровразрешувањеХристијан Мицкоски
Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ