• Latest

Да ги вратиме вистинските вредности!

October 25, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да ги вратиме вистинските вредности!

October 25, 2018 12:27
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Утрово си подготвив кафе. Турско. Го сварив на брзина, го поставив на маса. Гледам во компјутерот и во празниот лист пред мене во кој треба да напишам текст. Имам тема. Ја немам првата реченица. Ја чекам. И не знам зошто, додека чекам погледот ме однесе кон фиоката во која ги чувам сите тетратки / тефтери во кои на рака, некои со молив, некои со пенкало, ги запишував работите кои сметав дека заслужуваат да останат во моето сеќавање. Го извадив тефтерот во кој пред 20 години сум почнал да водам белешки кои траеле цели 5 години. Тефтер е со дебели корици. Полн е со прашина одозгора. Го чистам. Го ставам на маса. Го отворам. Во него по датуми ми се водени белешките. Стар е и мастилото веќе е размачкано низ листовите, онаму каде што сум пишувал со пенкало. Не на сите. Некои нешта од што се размачкани веќе не се ни познава што пишува на страницата на која е заведена таа белешка. Но, тоа не ми пречи да видам што интересно се случувало на денешен ден. Листам.

Војо Цветановски

Кафето секогаш практикувам да го пијам топло, такво ми е најубаво, така мајка ми кога почнувавме да пиеме кафе не’ учеше дека е најубаво. И повторно неверојатност. Повторно мисла која ми минува низ главата за човек на кого помислувам во моментот, овој пат тоа е мајка ми, историјата како од ведро небо ме удира од глава, односно веста која на страницата „72“ во тефтерот кој го листам во моментов ми вели дека на денешен ден, 25.10.2001 година точно пред 17 години, ова беше многу важен ден за нашето семејство, нашата фамилија, а поврзан со успех кој го постигна мајка ми. Во истата таа фиока ги чувам и албумите со стари фотографии. Ги извадив и албумите. Почнав да разгледувам. Пред мене како со насмевка со распослаа стари фотографии. Моите родители – млади, ние деца, братучедите, братучетките, баба ми, тетка ми, вујко ми, вујна ми … ме стигнуваат сеќавања на она убаво време, душата ми се полни со среќа, насмеан сум во ова ладно утро со сонце над градот убав. Стигам до фотографиите од успехот на мајка ми. Гледам во нив. Долго, долго …

Почнувам да пишувам текст на оваа тема. Посветен на успехот на мајка ми, кој за жал не помина забележан како што доликува да биде, бидејќи жената се откорна од работа, истражување, патувања, интервјуа … мислата не ми застанува. Прстите сами куцаат. Ги куцаат сеќавањата на она време.

* * *

Во 2001 година, Виолета Цветановска родум Георгиевска, мајка ми, кога ретко кој ја споменуваше во оваа држава, денес признаена и како светицата од Римокатоличката црква и Папата во Рим, Мајка Тереза или како што некои ја нарекуваат Гонџа Бојаџиу од Скопје, направи магистерски труд за неа и нејзиниот активизам именуван како „Хуманитарната активност на мајка Тереза“ и истиот го одбрани пред комисијата која ја состави почитуваниот професор и некогашен претседателски кандидат Нано Ружин на институтот за Социјална работа и Социјална политика во Скопје.

Од учебникот на мајка ми и ден денес студентите на истиот институт ги изучуваат теориите, пристапот и начинот на кој светицата постапувала помагајќи им на најмаргинализираните слоеви во сите општества на целата земјина топка.

Се сеќавам пред околу десетина години, Влатко Стефановски беше гостин кај Роберт Поповски во емисијата која тој тогаш ја водеше на една, тогаш локална, а денес национална телевизија. Не се сеќавам што беше темата, но во еден момент ја спомнаа и Мајка Тереза. Влатко Стефановски раскажуваше како оваа жена, ги собирала остатоците од храна и пијалоци во авионот кој слетувал во Њујорк, а во која се возела заедно со нашиот виртуоз на гитарата, за да може веднаш да ги нахрани бездомните луѓе кои први ќе ја пречекаат во Њујорк.

– Сите ја знаеја која е, а таа без срам го праваше тоа. Е тоа е голем човек. – поентираше Влатко.

Денот кога се случуваше одбраната на магистерскиот труд на мајка ми јас бев во Софија. Немав можнот да присуствувам на одбраната, морав да бидам таму заради обврски кон факултетот. Да бидам искрен многу жалам заради тоа, до ден денес. Без разлика на тоа, секаде, каде и да одам, зборувам за ова бидејќи мајка ми посвети години и години работа проучувајќи ја суштината на работата на Гонџа Бојаџиу од Скопје. За да ја заврши оваа книга и беа потребни повеќе од три години.

Инаку мајка ми е многу скромна личност. Таа никогаш не се пофали јавно со овој свој успех иако по начинот на кој функционира ова општество некој и помалку од половина да направи од ова ќе се претстави себеси како спасител на оваа нација. Такви сме за жал. Во една прилика ја прашав:

– Зошто премолчуваш нешто толку големо?

– Јас не го направив ова за да се чаталам наоколу. Го направив за да ја осознаам вистината за неа, а и на помладите генерации преку писание да им овозможам да го прочитаат она што навистина била таа, да ја знаат вистината за неа, а не да читаат се’ и сешто. Оние кои ги организираат собирите за Мајка Тереза, тука во Скопје, многу добро ме познаваат, знаат каде сум, знаат која сум, го имаат дури и мојот телефонски број. Ако сметаат дека треба да бидам дел од нешто слично самите ќе се јават.

Тука мајка ми категорично заврши со мене на оваа тема, давајќи ми до знаење дека митот за Мајка Тереза треба да живее, дека тој е поголем од сите и дека не треба да се расправаме околу тоа кој е поголем во промоцијата на оваа света жена.

И тогаш, а и денес се прашувам: уште колку вакви луѓе постојат во ова земја кои целосно се посветиле на некоја работа и која од срце ја сработиле до темел и истата денес има сериозна тежина. Не мора да е тоа научен труд, еве да не се држиме само до тоа, нека е тоа и некоја друга работа. Успехот ги става на пиедестал оние кои ја нашле формулата за него. За било која работа / професија. Она што сметам дека во моментов недостасува е заслугата кон овие луѓе од страна на државата. Сметам и дека недостасува тоа да бидат посочувани како пример за тоа како треба да се постапува при создавање на едно дело. Да бидат секаде каде што ќе треба да се мотивираат младите и државата да се грижи за нив во целост, да бидат адутот на системот. Не знам, веројатно многу има вакви луѓе кои немаат можност гласно да го раскажат сопствениот успех. Лично сметам дека државата задолжително треба да ги пронајде, да ги повика сите овие луѓе, кои посветиле години и години на наука и труд и оставиле силен печат во полето на образованието со кое генерации и генерации ќе се служат во иднина, а и не само тие, сите оние кои имаат оставено одличен изум зад себе.

Апелирам: Задолжително да ги вратиме вистинските вредности и вистинските луѓе на вистинските места. Само така ќе изградиме силно и квалитетно општество!

 

Share43TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ