• Latest

Кога снисходливиот Ефендија го брани Кралот од Саудија

October 26, 2018

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога снисходливиот Ефендија го брани Кралот од Саудија

October 26, 2018 09:50
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Велат, кога ќе ја упрскаш, немој да се обидуваш со оправдувања, ќе заглибиш уште повеќе. Премудриот Реисул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, во својот верски занес и восхит кон саудискиот престол, го заборави тоа правило. А зошто и би го помнел, кога е директно поврзан со небото и Алах, него не го засегнуваат земните поуки за комуникација меѓу луѓето и со јавноста. Тој комуницира на божествени нивоа со кралеви и принцови, нема што да му ја мисли за оправдувања. На крајот на краиштата, што е еден новинар, брутално убиен, исечен на парчиња како добиток во маалска месарница, во споредба со едно височество од Саудиска Арабија?

Џабир Дерала

„Ваше височество, служителу на двете свети џамии, примете ги најдобрите и најскапите честитики од мое име како претседател на Исламската заедница во Репубика Македонија,  честитки на муслиманите на нашата земја за придонесот на кралството на Саудиска Арабија предводена од вашето височество, крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд и престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман, Алах да ги заштити, за исламот и муслиманите во сите земји во светот, особено на континуирана поддршка на нашата земја и нашиот народ, голема благодарност до вас“ – пренесоа медиумите едно писмо на Ефендијата до кралот на Саудиска Арабија во деновите кога целиот свет го осуди свирепото убиство на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Нека остане забележано!

Нека остане забележано дека Исламската верска заедница поддржа лидер на еден режим кој изврши убиство врз новинар на својата земја, затоа што бил критички настроен. Нека остане забележано дека германската канцеларка Ангела Меркел не штедеше зборови на осуда, го квалификува убиството како монструозно и ја сопре продажбата на оружје за Саудиска Арабија.

Знам дека може да звучи тенденциозно, но… По истата логика, би требало Ефендијата да ја поздрави и сомнителната погибија на македонскиот новинарски бард Никола Младенов во 2013 година и полициско-судско-затворската голгота на Томислав Кежаровски. И да му ја искаже својата поддршка на осуденикот д-р Никола Ж. Груевски, која во овие мигови му е повеќе од потребна. И тоа во името на сите муслимани во Македонија!

Снисходливата поддршка од Ефендијата, со злоупотреба на печатот од ИВЗ и со втурнување на сите муслимани од Македонија во неговата кон саудиската кралска фамилија, доаѓа токму во време кога целиот свет е згрозен од бруталноста на режимот. Синот на новинарот Кашоги побара спас во САД, самиот саудиски крал бара покренување широка акција (под притисок на Западот), а главниот обвинител признава дека убиството било планирано и осомничува 18 луѓе, меѓу кои високи функционери во тајната полиција и еден советник на принцот-престолонаследник Мухамед бин Салман. Тешко дека истрагата ќе доведе до највисоките позиции на ова пребогато кралство, но не е исклучено независни истражувања да водат до самиот престол.

Но, нека остане забележано дека снисходливиот Ефендија од Македонија го брани Кралот од Саудија.

Китнестиот хвалоспев за саудискиот режим

Нашиов Ефендија од Македонија, решава да го земе перцето и да извезе еден китнест, разгален хвалоспев за режим што убива. Па, нека е и само тајната полиција што скришно од кралот го извршила убиството на новинар што критикува една апсолутистичка монархија. Сѐ уште останува фрапантна оваа постапка, колку и да му се чини наивна некому.

Притоа, да не заборавиме дека Ефендијата пишува писмо со поддршка во име на сите муслимани. Па, да, може да го направи тоа, бидејќи е демократски избран од сите муслимани во Македонија. Или можеби и не? Знаеме дека ИВЗ е една прилично тајновита организација во која на челните позиции често се доаѓало по пат на вооружени упади во седиштето кај Бит Пазар. Впрочем, како и во ВМРО-ДПМНЕ (случај Панорама, демисија на Љубчо Георгиевски). Устројствата во Македонија се такви, па затоа и може да се „истакне“ Ефендијата во одбрана на Кралот од Саудија.

Инфантилна одбрана

Ефендијата се брани со скен од писмо на ИВЗ со правоаголен печат на кој (пре)многу уредно е запишан датум што е само малку пред официјалното признавање на бруталното убиство.

Наводно, писмото со поддршка е упатено пред официјален Ријад да го признае убиството, прво како „голема грешка“, а потоа и да поведе (барем навидум) многу сериозна истрага. Патем, во целиот грозоморен настан остана нејасно дали е „голема грешка“, всушност, несмасноста со која е извршено убиството, освен што било и ѕверско. Нејсе, Ефендијата испушти да каже дали поддршката ја дал во рамките на редовните обраќања до саудискиот крал, секоја година во октомври, на пример. Одбраната му е, благо кажано, инфантилна.

Или тоа е порака со која тој отворено, наспроти целиот демократски свет, застанува рамо до рамо со режимот што убива новинари?

Да не е грозен поводот, громко ќе се смеев на „вадењето“ на Ефендијава. Притоа, не слушнавме дека Ефендијата напишал и писмо со поддршка до саудискиот крал за пресметка со носителите на заговорот за убиство на новинарот Кашоги. Можеби би било умесно сега Ефендијата да напише уште едно снисходливо писмо во кое ќе го замоли Кралот, спонзор на ширењето на исламот во светот, да поведе решителна истрага и за сите други неразјаснети убиства во кралството и по светот.

Се сеќавате? Кркавме инспекции, закани и незамисливо валкани кампањи за пари што сме ги добивале од Запад. Можеби е погоден момент да се замислиме, но и да истражиме колку и какви пари (и за што) се слеваат во Македонија од исток, било да се од Москва, Пекинг или Ријад. Што мислите за оваа идеја? Или, прво треба да се помируваме?

 

 


Илустрација во прилог на текстот: Adnan Yunus – “Traveler”

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Print Friendly, PDF & Email
Share106Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ