• Latest

Амнестија без помирување

October 31, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Амнестија без помирување

October 31, 2018 11:18
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На случајна средба со еден млад, модерен и успешен адвокат, падна збор за тоа колку се озлобени луѓето. „Нема разговор меѓу луѓето, не сакаат ни да слушнат аргументи, да се обидат да се спогодат“ – ми вели. Тој има полни раце работа со луѓе што се решени да одат до крај, да го потрошат и последниот денар, само да му го загорчат животот на некој што им „стапнал на жуљот“ (плускавецот, де). Ходниците на судовите се преполни со луѓе кои не разговараат меѓу себе поради ситни препирки во соседството, во малите бизниси, во оставинските постапки или други ситуации од секојдневието.

Џабир Дерала

Роднини, браќа и сестри се замразиле и со години се влечат по судови, за ситници, за неколку квадратни метри имот. Довчерашни партнери во бизнисот, кога ќе тргне надолу или пребрзо нагоре, одеднаш стануваат лути непријатели и прават сѐ, по цена на меѓусебно уништување и распад на фирмите, само да го истераат своето. И навистина, жестоки се последиците и по едните и по другите. Судовите се бавни, ригидни и корумпирани, а судските постапки се скапи до лудило.

Моралот е слабост

Не се работи веќе за истерување правда, туку за терање инает. Важно е кој ќе издржи, а не кој е во право. Чиј инает е поголем, а не каде е логиката. Нема еснаф, нема разговор меѓу луѓето, макар и на висок тон. Тивко, заговорничко сплеткарење, нож в грб, клеветништво и злоба, јасно дефинирана намера да се повреди некој, да му се уништи животот или бизнисот.

И сето тоа ладно, без емоција, без размислување за последиците по било кого, без обѕири кон нечии деца што можеби ќе страдаат поради инаетот на нивните родители…

За едно прасе и две бокалчиња ракија се ставаат печати и потписи на одобренија и лиценци, исто како Груевски што собираше по дваес’ милиона и повеќе по проект. За едни прасе, за други милионче (се римува со Ивонче). Од врвот до дното, логиката е иста, да се грабне, да се искористи, да се преполни мевот, а другите „во ендек“, под „бетонска плоча“…

Моралот е слабост, искористувањето на шансата и по цена на нечие уништување е новата „доблест“.

Заработка од неволјата на другиот

Одамна не е чудно… довчерашни колеги, со кои се делело работното место, сега да бидат најлути непријатели, да се организира хајка против нив, сеедно дали тоа ќе заврши со нарушување на нивното здравје или погибија. Важно е да се заштити сопствениот интерес, а таму каде што е потребно, безочно да се лаже дека тоа е за повисоки цели. Како во политиката, така во бизнисот и во секојдневниот живот – насекаде владее една злокобна рамнодушност кон животот на другиот.

Погано, злобно и рамнодушно.

Ако некогаш неволјата на другиот беше обврска да се помогне, сега тоа е шанса да се заработи. Здравјето на едно дете е условено со тоа колку неговите родители се финансиски моќни или поврзани со такви ликови.

Зборот и довербата исчезнаа. Некогаш еснафите се собираа на обичен кафе муабет за да решат некоја препирка меѓу двајца од нив или да соберат неколку илјади марки за да му помогнат некому да во криза. Сега тоа е  ставено низ лавиринти од нотарски записи, адвокатски договори, гаранции, услови, камати и триста други тракатанци.

Дај тоа прасето ваму!

Кому му го „должиме“ тоа обезличување, тој пад? Кому му „должиме“ што луѓето станаа сурови и користољубиви, среброљупци без совест? Веројатно, децениите од војни, кризи, криминал и социопати на власт во опкружувањето и дома беа тежок удар врз човечноста. Ќе биде патетично ако (се) запрашам дали има враќање, дали има лек за тоа.

Погледнете само како изгледа „помирувањето“ што го предложи премиерот Заев, колку и да беше нејасно што мислеше со тоа. Помирување не мора да значи (и) амнестија, особено не за подмолни и ѕверски дела. Но, тоа е единственото што се бара. Такви ликови сакаат само амнестија, но не помислуваат ни да прочитаат што значи тој поим, а камоли да го разберат и прифатат.

Амнестија без помирување – тоа е целта. А потоа, хвалоспев за арамиите и злосторниците. А ние, обичните смртници, ќе бидеме само огледало на бруталните битки на врвот, ќе се јадеме меѓу себе и ќе си забодуваме нож в грб, доследно следејќи ги „трендовите“. Затоа, нема никој од нас да разбере што е помирување, нема да дава ни пет пари за право, правда и слобода.

Дај тоа прасето ваму! И бокалче ракија, од убавата! Нека умрат душманите, да им се сотре семето! Нека му умре кравата на комшијата, па и мојата, за да не ми бара млеко!

„Хипи“ завршница

Искрено, се растажив додека го пишував ова утринско писание. Имам потреба да го наполнам мојот умствен шаржер со „гранати“ од топлина и разбирање и да ги испукам по површината од целата Земјина топка, колку и да звучи „хипи“ тоа.

Ќе бидам среќен ако слушнам дека некој, откако ќе го прочита ова, ќе крене слушалка и ќе му се јави на некој со кого има недоразбирања и спор, за да се спогодат. Ни треба тоа. Треба да си го вратиме разговорот и разбирањето меѓу нас, за да им се спротивставиме на моќниците што немаат морал и немаат намера да го побараат во себе.

Знаете каде да ме најдете. Раскажете ми еднаш за убав завршеток на некоја непријатна животна случка. Раскажете ми како сте се помириле со некого, па макар и на своја штета.

 

 


илустрација во прилог на текстот: Vincent Van Gogh  – “The Starry Night” (1889, oil on canvas, 73.7 x 92.1 cm, Museum of Modern Art, New York)

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share41TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ