Најтрпеливите новинарски екипи пред затворот во Шутка ја дочекаа својата „утешна“ награда. Соработниците на ЦИВИЛ јавуваат дека Орце Камчев и дел од 13-те обвинети во случајот на СЈО „Империја“ пристигнаа пред портите на затворот околу три часот по полноќ. Камчев и уште неколкумина „императори“ добија 30-дневен притвор околу полноќ. Сашо Мијалков не е меѓу новите „жители“ на притворското одделение на затворот во Шутка.
Како што е познато, во случајот „Империја“ обвинети се 13 лица и тоа: Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Тодор Мирчевски, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.