• Latest

ЦИВИЛ Фест со богата програма во чест на човековите права и активизмот

November 26, 2018
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ Фест со богата програма во чест на човековите права и активизмот

November 26, 2018 17:12
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мултимедијални изложби и презентации, перформанси, работилници, видео проекции, концертни и диџејски настапи се на програмата на ЦИВИЛ ФЕСТ, на 10 и 11 декември, во Младински културен центар во Скопје. Фестивалскиот слоган е „Слобода, правда, еднаквост“ и се организира по повод Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, а посветен е на граѓанското новинарство и активизмот.

Програмата на ЦИВИЛ ФЕСТ започнува на 10 декември, со воведна панел дискусија „Слобода, правда, еднаквост“ во 13 часот. Веднаш потоа ќе се отвори изложба на фотографии во 14 часот со стотици авторски фотографии, за потоа да следат и отворања на повеќе други сегменти од овој мултимедијален хепенинг. „Кулите на граѓанското општество“ е називот на просторот на посветен на граѓанските организации што ќе се претстават пред публиката со видео и печатени материјали. На програмата се и видео проекции од продукцијата на ЦИВИЛ Медиа, како и видео записи од активностите на ЦИВИЛ во текот на целиот дводневен хепенинг.

На ЦИВИЛ ФЕСТ ќе има и многу музика. ЦИВИЛ отсекогаш ја поддржувал алтернативната музичка сцена, која најчесто е неправедно игнорирана од комерцијалните медиуми. Со овој настан, помладите музичари ќе имаат можност да го претстават своето музичко творештво и на некоја „понова“ музичка публика. Бендови и диџејски настапи ќе има во текот на целата програма, за што јавноста ќе биде посебно информирана деновиве.

Граѓанското новинарство и активизмот го менуваат светот, посветено и храбро, тие ги разобличуваат коруптивните и насилничките автократски режими ширум светот и повикуваат на демократски промени за кои ЦИВИЛ им дава особено значење. Затоа, ќе се одржи и церемонија за доделување на награди за граѓанско новинарство, на најактивните граѓански активисти кои редовно испраќаат разни фотографии и видеа до ЦИВИЛ. Во пресрет на ЦИВИЛ ФЕСТ, граѓанските новинарки и новинари се повикани да испраќаат свои прилози што ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ и ќе добијат можност да бидат добитници на вредни награди.

„Деновите до „ЦИВИЛ ФЕСТ“ се одбројуваат, бидете дел од едно поинакво искуство, придружете се!“ – повикуваат организаторите од ЦИВИЛ.

Фестивалот е дел од проектот „Граѓански објектив, посветен на транспарентни и одговорни политички процеси, преку граѓанско новинарство и активизам, што ЦИВИЛ го спроведува од октомври 2015 година, со поддршка на National Endowment for Democracy. ЦИВИЛ деновиве прослави 19 години од своето основање.

А. Петровска

Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ