Судењето за случаите „Титаник“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство, продолжува денеска во Кривичниот суд Скопје.
Во предметот „Титаник“ се обвинети поренешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Билјана Бришкоска-Бошквски, Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумина други.
На денешното рочиште за случајот „Титаник“ треба да бидат разгледувани СМС пораки, предложени како доказен материјал.поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Билјана Бришкоска-Бошквски, Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумина други.
Денеска во Кривичниот суд ќе продолжи и судењето за случајот „Титаник 3“, во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ.
А. П.