Војниците од јужниот воен округ на туската армија, чии единици се распоредени во Украина во се поголем број ги напуштаат своите позиции, соопшти на 29 април украинската воена разузнавачка агенција (ХУР).
Според многу набљудувачи, нискиот морал е повторно проблем за руските вооружени сили кои се борат во Украина.
Како што пренесува Кијив Индипендент, над 18.000 војници од Јужниот воен округ на руската армија наводно дезертирале до сега, а околу 12.000 од нив припаѓаат на 8-та армија на комбинирано вооружената единица, често распоредена во воените дејствија во источна Украина.
Од овој број, околу 10.000 се мобилизирани регрути и 2.000 војници со договор, објави на Телеграм воената разузнавачка агенција.
Министерството за одбрана на Обединетото Кралство претходно во април соопшти дека руските трупи во Украина се главно екипирани со војници под договор и резервисти мобилизирани кон крајот на 2022 година, но регрутите често се под притисок да потпишат договори.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 10 April 2024.
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/0WoT8TTVOI #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/xn3vd5Pvvp
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) April 10, 2024
Во руската 58-ма армија со комбинирано вооружување, стапката на дезертирање е околу 2.500 војници, се вели во соопштението на агенцијата.
Кијив активно ги охрабрува војниците на руската окупаторска армија да дезертираат или дури да пребегаат на украинската страна. Украинската воена разузнавачка служба отвори телефонска линија во рамки на проектот „Хочу жит“ (Сакам да живеам) во септември 2022 година за да им помогне на руските војници кои се подготвени да се предадат.
Подготвил: М.С.