• Latest

До Управниот суд стигнала една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места

May 16, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

До Управниот суд стигнала една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места

May 16, 2024 13:03
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

До Управниот суд досега за парламентарните избори 2024 година, е пристигната една тужба против одлуката на Државната изборна комисија од коалицијата ВЛЕН. Тужбата, се однесува на одлуката на ДИК за гласањето во долна Бањица, гостиварско. Претпладнево тужба против одлуката на ДИК ќе биде упатена до Управниот суд и од ДУИ, за сите седум места каде што е поништено гласањето.

На веб – страната на Управниот суд е објавено дека ја известува јавноста дека синоќа во 22:33 часот, по поднесена тужба од Коалиција Влен на Парламентарните избори 2024 против Одлука на Државна Изборна Комисија УП1 бр.10-14 од 14.05.2024 година, оформен е предмет УРП.бр.86/2024. По поднесената тужба, Управниот суд ги презема сите процесни дејствија согласно роковите определени во Изборниот законик. Крајниот рок за овој предмет истекува на полноќ.

Откако беше поништено гласањето во шест избирачки места во ИЕ5 и едно во ИЕ 6 и стана јасно дека се загрозени два мандати на ДУИ, Османи на средба со неколку амбасадори реагираше на работата на Државната изборна комисија.

Тој најави дека Европскиот фронт ќе ги обжали одлуките на ДИК во Управниот суд и ќе поднесе пријави за членовите на комисијата за кршење на правото на гласачите да ја изразат слободната волја. Ваквиот став тој им го пренел и на амбасадорите на четири странски држави –  САД, Германија, Обединетото Кралство и Холандија, со коишто имал средба. Во разговорите Османи изразил загриженост за „компромитирање на изборниот процес со самоволните одлуки на ДИК, со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување“.

Од Европскиот фронт сметаат дека со „оркестрирани чекори“ се прават напори да им се одземат еден до два пратеника и да не се дозволи тие да бидат втората политичка сила во Северна Македонија.

Од коалицијата „ВЛЕН“ завчера истакнаа дека Европски фронт ја искривил волјата на граѓаните, додавајќи дека таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владеењето, незаконски ја нарушил и искривил волјата на граѓанинот, спроведувајќи го „бугарскиот воз“ како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Липково и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ.

Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но исто така утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај.

Н. Абдурахмани

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ