• Latest

Овој дом станува неподносливо место за живеење

December 4, 2018

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Овој дом станува неподносливо место за живеење

December 4, 2018 10:41
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Знам дека само кога е доволно темно, можете да ги видите ѕвездите“ – вели големиот Мартин Лутер Кинг, борец за човекови права и антидискриминација. На тоа, Пол Њумен, духовито ќе забележи: „Секогаш е најтемно пред да стане црна темница“. Со други зборови, ако решиме да запалиме светло, ќе нѐ голтне мракот, со сета почит кон ѕвездите што навистина се гледаат само кога е мрак. Бидејќи, треба некој и да остане за да ги види ѕвездите, нели?

пишува: Џабир Дерала

Не е веќе ни трагикомично

Ситуацијата во Македонија веќе одамна не е ни трагикомична. Мицкоски со изгубен компас, тресе зелени по скопските улици, пред грст премрзнати кутреци, неколку клупи и шатори. Кога идејата е голема, таа привлекува десетици илјади луѓе на улиците, без оглед на температурите.

Сетете се само на студентките и студентите што ни ја донесоа пролетта среде студениот декември, 2014-та. Тогаш не беше едноставно да се излезе на улица. Ги малтретираа децата со притисоци и уцени, им инсталираа агенти, ги уценуваа преку нивните родители… Кој тоа? Па, ВМРО-ДПМНЕ, ова истово што не може да собере доволно луѓе, па протестира со празни шатори. А за што протестира? Оф, не ми се прави муабет за нешто што очигледно не знаат ни самите да го објаснат како што треба.

Секогаш има причина за протест, посебно во Македонија. Но, за да повикате на протест, треба да имате минимум кредибилитет, да уживате доверба, да имате јасна мисла и чист образ, а не само валкани пари и неугаслива жед за власт и полнење на сопствениот дигестивен (хидроцентрален) тракт. Не знам само до каде се истрагите за потеклото на имотот на оваа гротескна примадона на евтиниот водвиљ.

Прогнози… „касапаана“

Но, до каде ќе води оваа ситуација? Што ќе се случува во наредниот период? Уставните измени ќе поминат… некако… Ќе видиме и засилена активност за исполнување на критериумите за пристапување кон фамозната ЕУ, ќе нѐ примат во НАТО (секако)… Дел од постапките на владата ќе бидат добри, искрени, а поголем дел ќе бидат чиста шминка што ќе оди на нерви. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се распаѓа, но Мицкоски ќе се држи грчевито за тронот, преместен во друго седиште, откако ќе ги иселат од она грдо чудовиште со уште погрда стражарница. Паралелно, веќе расте нов, конзервативен политички играч на теренот. Претседателските избори ќе бидат вообичаен македонски фолклор, со многу говор на омраза и лажни вести, кршење на гласачкото право и институции што, најблаго кажано, наголемо ќе потфрлат.

Мицкоски, но и други, ќе почнат да бараат предвремени избори заедно со претседателските напролет, идната година. Ако се отвори можноста за предвремени парламентарни избори, ќе биде „касапаана“, како што Мендух Тачи ги нарече изборите во 2008 година. Ако СДСМ му одолее на искушението за предвремени избори, ќе продолжи политичката нестабилност, со нови сметки (и уцени) на адресата на Заев, што етнички, што политички.

Во мај се одржуваат европарламентарни избори на кои екстремната, ксенофобна десница ќе добие уште повеќе моќ. Прашање е дали ЕУ ќе го исполни своето ветување на Македонија да ѝ даде датум за почеток на пристапните преговори во јуни. Тоа ќе биде големо разочарување и ќе им даде ветар во грбот на домашните скептици, оправдано и неоправдано разочарани, а особено на разните мицковци. Ако не добиеме датум во јуни, можни се уште едни, предвремени парламентарни избори уште истата година. Уште една „касапаана“…

Никој нема да се сеќава на нас

Во меѓувреме, тешкиот живот на македонските граѓанки и граѓани ќе го зема својот данок во облик на болести и прерана смрт од неквалитетен живот, а најмногу со иселувањето. Веќе толку многу луѓе си заминаа што речиси и нема причина било кој друг што остана да не размислува за тоа, без оглед на тоа дали ќе почне да тече мед и млеко уште утре (а нема!).

Оваа мала земја, овој дом, станува неподносливо место за живеење. Со секоја постапка, со секоја неправедна или само глупава одлука, со секоја пара украдена, со глупавата омраза… сѐ повеќе се уништува желбата за живот во оваа земја, сѐ повеќе се урива надежта.

А наше е дали ќе направиме нешто повеќе, нема никој друг да дојде да живее наместо нас. Овој живот е еден и единствен, не му припаѓа на никој друг, па ни на бројните богови намножени на ова, едно катре, место. Само ние самите можеме да му дадеме или одземеме вредност на нашиот живот, организиран во оваа, каква-таква, Македонија.

Никој нема посебно да се потресе ако Македонија се распадне како држава, ако нејзината територија стане простор ограден со бодликава жица и натписи дека подрачјето е контаминирано и заразно… Во симболична или во дословна смисла на зборот, сеедно, тоа ќе стане зона низ која ќе се минува со полна брзина и без застанување.

Никој нема да жали по исчезнувањето на една малечка земја со раскарани и очајни луѓе здружени врз основа на одамна изумрени идеи. Генерација или две, некој и ќе помни по нешто, повеќето грди работи. Ќе помнат генерациите – заблуди, глупост, лудило и насилство, ќе помнат беда и болести од секаков вид, а и по некоја легенда за надежта и среќата. И толку. Веќе третата генерација нема да знае ништо за пропаста што ги снајде, не цели два милиони луѓе (едно предградие на некој од европските мегалополиси). Најголемиот број од нив ќе се слеат во реките од луѓето што мигрираат кон Запад, оставајќи ги старите и изнемоштените зад себе, со последното ветување што нема да го исполнат – дека ќе пишуваат и ќе ги посетуваат.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share148Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ