• Latest

Кампањата ја почнавте, кај ви е кандидатот?

December 6, 2018
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кампањата ја почнавте, кај ви е кандидатот?

December 6, 2018 09:33
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ ја започна предизборната кампања за претседателските избори. Предвремено. И лошо, многу лошо. Кошмар за секој претседателски кандидат, освен ако не му припаѓа на растителниот свет. Спротивно на сите меѓународни и домашни стандарди и законски прописи, ВМРО-ДПМНЕ започна предизборна кампања далеку пред законски определениот рок. Кампањата ја започнуваат без кандидат, на протест без (јасна) порака, освен дека сакаат апсолутна власт што ќе ја практикуваат со насилство. Но, тоа не е новост. Го видовме тоа во сите години на изборни кражби и минирање на референдумот.

Џабир Дерала

Очајно лошо склопен вергл

Со или без кандидат, Мицкоски продолжува со бесмислени и хистерични напади на јавно место. Во неговите говори сиромашни со содржина, тој вергла една иста реченица додека да ѝ ја погоди интонацијата, па продолжува со следниот параграф. Како очајно лошо склопен вергл, на скратен час по ОТО. Како тотално неталентиран паланечки хорски пејач на кој одеднаш му дале соло улога, па од петни жили се мачи кутриот да им излезе во пресрет на очекувањата. И да се спаси од истрагите што го чекаат зад аголот, но тоа е друга приказна.

Врескањето не е Гласност, тоа е лекција што не можат да ја научат најголем дел од политичарите во Македонија. За хипнотизирање на масите не е доволно само да повторувате “ти си куче” до бескрај. Треба нешто и да се каже, па макар и ав-ав. Ама на кој да му зборува човек. Тој не знае ни да лае, камоли да се разбере од збор.

Страв од избори

Со предвремениот почеток на кампањата за претседателските избори, Мицкоски, веројатно не сакајќи, откри дека се плаши од предвремени парламентарни избори. До скоро бараше избори со сето гласче што го држи, а сега ни слог за тоа, туку само за претседателските избори пее.

Лебот го поскапиле, ја куди владата тој, но ќе видат тие, ќе доживеат катастрофален пораз на претседателските избори. И така неколку пати. А каква врска има претседателот во една парламентарна демократија со цените на лебот, само тој, „великиот математичар“ знае. Се разбира, со математичка прецизност.

Колку-толку математика и знае овој наш Мицко, па сосема му е јасно дека „и“ од избори да спомне, неумоливите бројки ќе му ја избришат маглата од очилата. Што, се разбира, не би смеело да значи дека власта треба да го шокира системот со предвремени избори во услови кога на тој систем му треба стабилизирање во процесите пред нас. Ја знаете веќе мојата мантра: демократија и владеење на правото, изборен систем што функционира и го почитува гласачкото право, Избирачки список, а не алваџиски тефтер…

Без срам и перде

И вокабуларот… Quel désastre! Без срам и перде, како сите да се паднати од Марс, како да не знаат каде бевме до пред две години, како да не видовме што се случи на 27 април во Собранието, на 9 мај во Куманово, на сите бројни црни датуми во изминатите години… Крадат бесрамно изрази што се однесуваат на нив, а кои само тие немаат никаков кредибилитет да ги употребуваат. Каков кредибилитет има апаш и насилник да зборува за чесност и мирољубивост?

Кутриот Мицкоски, страда по тоа да се пишува и говори за него, па макар и лошо. Не сфаќа дека никој и не го есапи него, бидејќи тој е само фигура што, без оглед на тоа што неговите стопани „не се достапни во моментот… тиит-тиит…“ нема шанси да стане вистински играч. Без оглед на тоа дали има оправдано или неоправдано незадоволни луѓе поради уставните измени или било што друго, ВМРО-ДПМНЕ нема ни кредибилитет, но капацитет да направи било што корисно, ниту за партијата, камоли за Македонија. Имаат само пари и бледи скрипти од плагијатите на протестите за демократија што токму тие ја украдоа и предолго ја држеа заробена.

Не стигнуваме прописно да ја критикуваме власта од неартикулираниот шум што го предизвикува ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ што толку јасно ја отсликува матрицата на Груевски: блутаво, безидејно и деструктивно талкање од еден до друг ѕид на апсурдот. Македонија не е ни оддалеку закрепната од децениското газење, за да може да си дозволи луксузот за сите пропусти, неспособноста и корупцијата што ја измачуваат секој ден. Со ваква опозиција и толку националисти на сите страни, чудо е што воопшто уште по нешто добро и се случува. А се случува. Со таа среќна мисла, ви посакувам добро здравје и дебели нерви во деновите пред нас.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

илустрација: Салвадор Дали – „Невидливиот човек“ (фрагмент)

Print Friendly, PDF & Email
Share91Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ