• Latest

Цената на амнестијата

December 7, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Цената на амнестијата

December 7, 2018 10:30
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако амнестијата за крвавиот напад врз Собранието и обидот за државен удар е цена за помирувањето и за уставните измени што ќе нѐ одведат со чекори од седум милји подалеку од мрачната неизвесност, тогаш можеби и треба да се размисли. Но, само за момент. Откако ќе се размисли, макар и кратко, ќе се дојде до заклучокот дека, како и да се погледне, цената, сепак, е превисока.

Џабир Дерала

Тоа само навидум може да изгледа дека е добро за Македонија. Во суштина, таквата „трговија“ носи зло. И дека нема да нѐ приближи до современите светски текови, интеграции, прогрес… Зошто?

Мрачниот култ

Нападот го смислуваат и планираат луѓе чија основна и единствена(!) задача е заштита на законот, редот и поредокот во земјата. Тоа се луѓе што знаат што е закон и што правеле кога решиле да убиваат и да извршат државен удар. Својата должност ја газат под нозете и ја заменуваат со невидено злосторничко и крволочно дејствување против фундаментите на државата и против животот на пратеници. Вистински разбојници од најдолен вид со постапки својствени за мрачни култови.

За такви не смее да има амнестија. За никого не смее да се дозволи амнестија. Тие ликови треба да заминат во историјата како срам за една клика што не носи ништо добро за едно општество. Тоа се истите ликови кои ќе останат да го шират злото и омразата со криминал и насилство. Тие нема да останат мирни додека не го истераат своето.

Амнестија за амнестија? Не!

Тие ликови се припадници на истото злосторничко здружение што ништо не направија за да се истера на виделина одговорноста и на Али Ахмети во конфликтот во 2001 година. Не, напротив, таа клика го употреби парламентот таа постапка да се закопа со гласањето за „автентичното толкување“ на Охридскиот договор во 2011 година.

Значи, бесмислен и неодржлив е и премолчаниот аргумент дека, ако е амнестиран врвот на УЧК-ите, редно е една таква амнестија да има и за македонските „терористи“ (со и без наводници) собрани околу најпознатиот бегалец од законот, диктаторчето Груевски (Der kleine Diktator). Тоа е бандата што го истапка патот на неказнивоста и најжестокиот погром на цивилизациските вредности во нашата заедничка земја.

За нив, едноставно, не може да има амнестија. Како што не може да има амнестија ни за сите случаи што ги отвори и ги води Специјалното јавно обвинителство.

Ослободување во замена за докази и сведоштва

Ослободување од вината за учество во нападот на Собранието, делумно или целосно, може да има. Тоа веќе може да биде предмет на трговија, што е искуство од истражната и судската пракса.

Во замена за информации, докази и сведоштва што ќе водат до главните инспиратори, нарачатели и организатори, тие може да бидат третирани поблаго, бидејќи ѝ помагаат на правдата. Нивните побуди се неважни, секако дека сакаат да си ја спасат кожичката. Во Шутка не се сите ќелии „Хашки соби“.

Ова особено важи ако тие, покрај сведочењето, покажат и искрено покајување и се извинат. Како „вратарот“ Мукоски, на пример. Јавноста виде како убаво си „пропеа“ и Нинџа и му даде нов тек на судењето. Постојат и низа други такви соработки со правдата. За нив може да се обезбеди и поинаков третман, повторно, соодветно на судската пракса. Значи, како и да го наречат тоа, не е и не треба да биде амнестија.

И, најважно од сѐ, помирувањето на кое повика премиерот Заев не е ни смее никако да биде поврзано со правдата за загрозувањето на државата и поредокот. Тоа е процес на кој одамна требаше да му се даде приоритет. Помирувањето е дел од општествените напори земјата да се интегрира внатрешно, да биде вистинско општество, едно за сите подеднакво, а не збирштина од племиња и банди што се мразат меѓусебно. Едно такво општество не може да се изгради ако во темелите е вградена амнестија за злосторници. Сигурен сум дека тоа не е замислата. Уште посигурен сум дека никој од нас не смее да дозволи таквата замисла и план да се оствари, бидејќи тоа е контаминација што води кон пропаст.

Share73TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ