• Latest

Стани за себе и за другите. Денеска!

December 10, 2018
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Стани за себе и за другите. Денеска!

December 10, 2018 09:37
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Секој ден се разминуваме со луѓе прегазени од системот, понижувани и малтретирани, оштетени од ненаситни газди и ладнокрвни директори, корумпирани лекари или разбојници во администрацијата, корумпирани судии, лоши полицајци, професори без образ, националисти, шовинисти, насилници и злосторници. Сите имаме или знаеме за случаи кога животите на нашите блиски згаснале во неискажливи маки, затоа што системот или поединци во системот биле лажливи, неспособни, корумпирани или, едноставно, зли.

Џабир Дерала

Огромното мнозинство луѓе на овој свет се погодени од суровоста и нечовечноста на малкумина. Тие малкумина водат држави, политички партии, криминални групи, војски и паравојски, цркви, џамии и други храмови. Без оглед на тоа дали се нарекува политика, вера, криминал или војна – сето тоа е бизнис. Бизнис со човековото здравје, достоинство и живот. Бизнис со детскиот стомак и душа. Бизнис со раѓањето, животот и смртта на секој од нас.

„Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.“ Така започнува Универзалната декларација за човековите права, основата на денешното меѓународно право, најважниот документ со кој светските лидери ветија дека ќе го водат светот во подобра иднина, по Втората светска војна. Документ од некои 2-3 страници текст, со триесет фундаментални права што ги има секој од нас уште во мигот кога ќе се роди. Документ што ни припаѓа на сите, без исклучок.

Секоја година, на 10 декември, на Меѓународниот ден на човековите права се прашувам дали можеби е подобро да се зборува за времето пред Универзалната декларација за човековите права и ужасите на Втората светска војна и по неа, па некаде во таа споредба да се обидеме да најдеме утеха. Но, тоа само ќе им помогне на оние што и денеска ќе го поминат денот во газење на човековите права, а нема да им помогне на сите безбројни жртви на тоа газење. Популистите од сите партиски и политички бои, во спрега со бескрупулозниот бизнис, колку и да се трудат да го сокријат тоа, сакаат да ја одземат иднината од рацете на човекот и да го претворат во бројка, обична статистичка единица во нивните планови, да го претворат во зомби…

Моќниците имаат сѐ на располагање. Судови во кои има сѐ само не правда, полиции, војски, подземје, храмови во кои има сѐ освен божја мисла, оружје, пендреци, медиуми, телекомуникации, сателити, институции… формираат влади, парламенти, агенции и комисии… И корупција. Длабоко вгнездена во секоја пора на општествено, а уште повеќе – во умовите на луѓето. И со тоа располагаат.

Лек? Има ли лек?

Да! Со солидарност, посветеност и храброст. Со секојдневна борба со корупцијата на умот, почнувајќи од себеси, завршувајќи со секој што има и најмала моќ на одлучување. Нека е тоа во автобус, на шалтер, во фирма или во институција (школо, болница, катастар, суд, општина, влада…).

Да! Со препознавање на правата и слободите и препознавање на нивното кршење. Бескомпромисно и без калкулации, без политикантство, туку директно и недвосмислено. Без споредби од типот „ова не е ништо, какви сѐ работи има“, туку за секој, и најмал, обид да се згази на достоинството на човекот, во секоја ситуација.

Уште еднаш, како и многупати досега во изминатите три децении, го користам моето право да се изразам слободно и да повикам: Заземете став денеска! Извикајте: „Јас сум човечко суштество! И веќе нема никогаш да дозволам да газите по моето достоинство и да ми го скратувате или одземате животот со своите постапки!“

Никогаш не е доцна да биде тоа првиот ден на борбата за човековите права и слободи.

Драг-а читател(к)е, запознај ги своите права и слободи денеска. Ќе ти потроши само неколку минути, но ќе донесе светлина во животот, твој и на луѓето во неволја. Во светот на денешнината, и јас и ти, гледаме планина од устави, закони и регулативи, изјави на политичари и јавни личности кои ја декларираат својата посветеност кон човековите права и слободи.

Наспроти тоа, гледаме стотици милиони луѓе во светот кои се третирани нечовечки. Луѓето се второкласни животни во рацете на моќниците. Владите и корпорациите ги употребуваат моќта на парите, бирократијата и медиумите со цел да ги манипулираат и експлоатираат луѓето. Кажи едно големо НЕ за сето тоа. Денеска! Го имаш тоа право, исто колку и секој друг човек на планетава. И не дозволувај никому да ги одземе од тебе или од кој и да е друг. Стани! Брани ги своите и туѓите права. Не дозволувај популистите, националистите и шовинистите да завладеат со твојот ум. Тоа е нивниот бизнис, а твојата беда. Стани и против нив!

Ако не станеш за другите, насилниците ќе дојдат и по тебе.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Print Friendly, PDF & Email
Share68Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ