Коалиција Маргини како дел од деновите против насилството врз сексуалните работници ги поканува сите заинтересирани на отворањето на изложба на фотографии „Девојките од Скопје“ на фотографката Лепа Георгиевска, на 16 декември, недела, во 20 часот во Кафе и филм Котур (позади Рекорд).
Лепа Георгиевска е портретна и модна фотографка, фасцинирана од брилијантноста на човековата индивидуалност и уметноста на изведувањето. Во последните години Лепа има живеено и работено во Милано, Лондон и Сингапур.
„Девојките од Скопје“ е нејзин втор уметнички проект кој вклучува портрети од транс жени, по „Убавиците на Банкок“ со кој се има претставено во Банкок и Милано.
Настанот дополнително ќе го збогати и Ивана Драгшиќ со ДиЏеј сет.
Изложбата е дел од деновите за борба против насилството врз сексуалните работници што Коалицијата ги организира во партнерство со STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans, и е финансиски е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија.