Денешните партиски препукувања меѓу ВМРО – ДПМНЕ повторно се однесуваше на загадувањето во Македонија. Опозицијата обвинува дека клиниките секој ден се повеќе се полнат со луѓе кои имаат здравствени проблеми поради енормниот загаден воздух, а за тоа е крива СДСМ.
Од СДСМ ја потсетуваат опозицијата дека Скопје и Македонија беа изложени на екстремно уништување и загрозување на животната средина од единаесетгодишното криминално и расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ што резултира со енормно загадување на воздухот.
Со оглед на заложбите и обвинувањата, по се изгледа решенијата ќе се бараат догодина, а дотогаш во недостиг на друг останува само загадениот воздух за дишење.
Прекин
Вработените во Клинички центар денес го прекинаа протестот, откако за време на получасовната пауза повторно ги блокираа наплатните рампи на паркингот. Одлуката да го прекинат штрајкот ја донеле по вчерашната средба со министерот за здравство Венко Филипче.
Одлука
Пратеничките групи се консултираа за предлог текстот на законот за амнестија. Pратеничката Нола Исмајловска од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија денеска изјави дека осумтемина пратеници од оваа параламентарна група ќе ги поддржат реформските закони за кои е потребно двотретинско мнозинство, а кои се на дневен ред на собраниската седница закажана за понеделник.
Таа изрази уверување дека нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ одговорно ќе пристапат на овој процес и дека активно ќе бидат вклучени и дека сите пратеници заедно ќе ги поддржат овие реформски закони.
Осуда
ЦИВИЛ денеска излезе со соопштение во кое најостро ги осудува говорот на омразата и повиците на насилство и бара од институциите веднаш и најостро да ги санкционираат сите поединци и групи што шират омраза и повикуваат на насилство. Од институциите се бара да реагираат остро, решително и ефикасно, а на одговорност да ги земат и највисоките раководни структури на политичките партии што посредно или непосредно ги охрабруваат радикалните поединци и групи во земјава.
Вакови вид на радикализам е препознатлив во Друштво на Македонски Револуционери (ДМР) кои на Фејсбук објавија фотографија од вонредната седница на Централниот Одбор, каде што едногласно се согласија на радикално дејствување за дестабилизација на државата.
Празници
Министерството за внатрешни работи апелираше во пресрет на празниците граѓаните да се воздржат од неовластената употреба на пиротехнички средства. МВР пособено апелира до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје. Според МВР над 150 000 луѓе во годината остануваат инвалиди поради употреба на петарди. Од нив 80% се малолетни деца.
Б. Ј.