• Latest

Чудовиште

December 17, 2018
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чудовиште

December 17, 2018 09:19
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во една прилика, додека бил седнат  во својата џамија во Медина, покрај Мухамед, Пратеникот на исламот, поминала еврејска погребна поворка. Трогнат од таквиот призор, тој веднаш се дигнал на нозе и молчеливо со поглед ја испратил поворката. Имајќи предвид дека непријателството помеѓу муслиманите и евреите почнало да тлее, еден од присутните другари на Пратеникот забележал: „Зарем му стануваш на Евреин?“

Хусеин еф. Адеми

Пратеникот воопшто не обрнал внимание на тоа прашање туку изговорил: „Ми избега уште една душа!“ Што значи тоа? Мухамед, нека е Божјиот мир со него, бил голем хуманист и вистински душебрижник. Не правел разлика меѓу луѓето а силно ги осудувал тие во чиишто ум сѐ уште постоело чувството за манифестација на верска или расна дискриминација кон поинаквиот. Бил апсолутно отворен за разговор и дискусија и дури во услови на воено расположение во заедницата, секогаш имал разбирање за луѓето кои и да се, какви и да се, од каде и да се, без оглед на вера или нација. Впрочем такви биле и Исус, Мојсеј, Аврам, Јаков итн… Затоа, од почит кон починатиот Евреин и кон неговото човечко достоинство, бидејќи сите сме од Бога дадени еднакви, тој станал да го изрази своето сочувство затоа што сметал дека не успеал на починатиот да му ја пренесе пораката на својата хумана мисија, а таа е содржана во Куранскиот ајет: „О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Алах е најбогобојазливиот...“ (Куран, 49/13)

Зошто највисоките раководства на ИВЗ и на МПЦ упорно молчат и никако во јавност не изнесуваат ставови во кои верата ги осудува сите облици на нетрпеливост и ширење омраза во овие многу чувствителни моменти кога на сите нас ни е потребно, еднаш за секогаш, да се погреба идејата за супериорност над поинаквиот?! Живееме едни наспроти други, а толку малку знаеме едни за други!

И после било чудо кога некоја гнила и ситна душа, деновиве на FB доживува оргазам поради смртта на охридскиот градоначалник кој не е од неговата идеолошка опција. Колку ли човек треба да биде проветрен во мозочето за да си дозволи радост поради завршувањето на животот на еден човек? Монструозност, свирепост, дивјаштво, цицање крв, деструктивност и безмилосност! Ете, тоа е тоа! Зрел клинички случај што под итно треба да се третира на една од психијатриските клиники во оваа изморена и истоштена земја, Македонија.

Господо верски политичари, вие од раководството на двете најголеми верски заедници кај нас, ве молам, почнете да се огласувате со осуда за ваквите појави! Или упорно ќе молчите?!

Вашиот пристап или настап ме потсетува на капетан Диедо, управителот на тогашната Цариградска морнарица што од Истанбул тргнал кај папата во Рим да му соопшти дека Мехмед Освојувачот успеал да му го одземе Константинопол од Ватикан, но и од Источната православна црква. Значи, говориме за период од пред скоро шестотини години.

Ќе го цитирам Бејазит Акман, авторот на романот Војна за Константинопол (неодамна го купив во „Веро“), каде што многу сликовито се опишува моментот кога капетан Диедо стигнал во Ватикан да ги соопшти лошите вести: „…за да може да се движи побрзо, се обидуваше да не згази во човечките измети. Средината на патот беше празна и исполнета со човечки отпадоци; народот ги завршуваше своите работи во канти и ги исфрлаше отпадоците од прозорците… капетанот, кој покрај тоа што газеше и ги вадеше стапалата од изметот, не можеше да оди брзо колку што сакаше… уште беше во опасност да падне во отпадоци секој момент… ја виде базиликата Свети Петар… кога се симнаа на седмиот кат под земјата, Диедо кој поминуваше покрај ќелиите, сфати дека тоа се ќелии на инквизицијата на Католичката црква… во тесната ќелија од десната страна, една млада жена беше прицврстена за бетонски олтар; од двете страни имаше двајца монаси кои усвитуваа една маша во оган и ја допираа со неа по нејзините полови органи. Монахот што ја држеше машата беше гневен: „Ти, валкана вештица! Ќе ја платиш цената за предавството… малку подолу имаше стар човек чии раце беа врзани на неговиот грб и низ чиј врат минуваше некој вид менгеме… вилицата и градите му ги прободуваа две кратки железа прицврстени на алка што му беше обвиткана околу вратот…“

Ете, токму ваква е нашата ситуација драги мои! Уште колку алки ќе ни обвиткате околу вратот со вашето молчење? Уште колку пати ќе ни ги горите срцата и душите со вашите вжештени маши кои произведуваат болка, но сепак, тие се тивки и не се слуша гласот на нивното, од оган, поттикнато вриење. Молк? Одамна се давиме во изметот нафатен на чизмите на капетан Диедо!  Ако не гледате, барем помирисајте, можеби смрдеата ќе ве поттикне малку од тие гомна да исчистите. Ве чекаме, и секако, ве поддржуваме.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Share21TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ