• Latest
Добро утро со Орданоски

Што ќе беше да не беше 27 април?

December 19, 2018
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Што ќе беше да не беше 27 април?

December 19, 2018 07:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial”]А[/dropcap]ко се суди според гласањето за (најновиот) Закон за амнестија, се остваруваат најавите дека зад промените на Уставот, како последна фаза од спроведување на Преспанскиот договор, можно е да застанат многу повеќе пратеници од неопходните 80. Всушност, таа бројка сега би можела да се движи и меѓу 90 и 100 пратеници.

Компромисите што се направија за да се стигне до такво мнозинство оставаат горчлив вкус во устите на многумина добронамерни, а и злонамерни проследувачи на македонската политика од сите сектори и провениенции во општеството. Повеќе морално-политички битанги веројатно ќе се спасат од заслужените правни последици за своите зли и насилни постапки низ коишто помина Македонија при конституирањето на легитимната власт во 2017 година, но во овдешниот политички резон, како што реал-политички стојат работите, и овој пат ќе превладее методот за остварувањето на „повисоката цел“ која ги оправдува средствата. За тоа е, практично, сè кажано во деновите зад нас.

Но, ако го вратиме „филмот“ пред дваесетина месеци, во неколкуте чина од драмата околу април 2017 година, вреди да се извлечат и неколку ретроспективни, поучни заклучоци.

Имено, замислете како ќе изгледаше Македонија доколку на 27 април, лани, ВМРО-ДПМНЕ не влезеше во познатата авантура со обидот за спроведување насилен државен удар? Замислете доколку, само со извесна доза на „мрчење“, се согласеа на конституирањето на Владата на СДСМ и ДУИ, наместо што ги послушаа советите и наредбите на очајниот Никола Груевски, во содејство со разни негови први соработници (сосе оној на Водно), за насилно да ја зачуваат власта во свои раце?

Нема сомневање, да не беше таа опасна операција, состојбата со ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе изгледаше сосема поинаку. Во Собранието ќе имаа коалиција која, плус-минус, ќе броеше педесетина пратеници, наместо сегашните дваесетина вмровци, колку што останаа под „капата“ на партијата. И од тие дваесетина, повеќето не се под контрола на нивниот партиски претседател, а половината се со кривични и политички „потерници“.

Да не го направеа 27 април, неоптоварена од насилствата, главната опозициска партија ќе имаше неспоредливо поголем маневарски политички простор дома, но уште повеќе надвор од државава. Од тогаш, наваму, нив никој не сака да ги види, како шуга да ги полазила. Политичките позиции ќе им беа многу покредибилни во сите аргументирања против политиките на власта, наместо вака, да се мотаат како мачки околу плот, бркајќи си ја опашката и докажувајќи дека насилниот патриотизам е легитимно средство во модерната политика… И заради 27 април, а и затоа што не смогнаа сила да ги осудат настаните и да се дистанцираат од нивните учесници, мисловно и идеолошки толку се занесоа кон десно, што ни зимски гуми не ги вадат од шарлатанската сцена на македонската крајна десница.

Да, веројатно дека и без 27-ми ќе продолжеа да се пазарат за криминалите што ги гони СЈО, но немаше, буквално, да се распаднат заради криминалите што ги гони Обвинителството за организиран криминал! Многу од нивните бивши функционери барем ќе можеа да изигруваат свенати жртви – сега се во судски процеси во кои никој жив не ги жали, дури ни нивните партиски колеги.

Уште поважно, партијата ќе имаше поголема можност, по шокот од губењето на власта, внатрешно кадровски да се престрои и политички да се консолидира и да се демократизира, како најдобар рецепт за подолго опозициско здравје. Вака, Мицкоски си игра Груевски, а Груевски ги остави на цедило. Театрално го исклучија Мијалков од партијата, а со Груевски останаа гушнати голи в кревет, додека овој не реши да им ја кидне среде ноќ низ прозорец, ги откачи како напуштени љубовници…

Потоа, колку нешто да прават, влегоа во спирала на конфузни, црни кампањи против „хунтата на Заев“ (пази, молим те!), речиси без никаква додадена вредност на очајната позиција во која се наоѓаат.

Всушност, во сегашното ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат играат на истата (погрешна) карта како и од самиот почеток на оваа грчко-македонска мелодрама со Преспанскиот договор: тие се обложуваат дека Договорот, на крајот, сепак ќе пропадне! Маргината за грешка во таа проценка сега веќе е гигантска, а шансите за остварување на нивната прогноза се многу мали. Таа погубна инерција, која е повеќе резултат на персонални суети и инает, одошто на промислена политика, ви е како кај коцкарите кои цела вечер губат на покер, но не престануваат да се надеваат дека до изутрина сепак ќе се извадат… Од таа коцкарска стратегија, по правило, најсреќни се лихварите.

Плус, доброволно, наспроти сите домашни и меѓународни напори за спротивното, останаа на маргината на македонскиот евро-атлантски процес, обвинети за анти-западни ставови, до овој момент без понуда на каква било одржлива алтернатива. Тоа ќе се памти и кога одамна ќе потонат во заборав сите сегашни анегдоти и фусноти од начинот на кој ќе помине целиот овој историски зафат.

ВМРО-ДПМНЕ ќе си го носи 27 април како воденичен камен околу вратот. И, згора на сè, она што остана од партијата, па ни за Законот за амнестија не гласаше! Бреееј, какви лузери…

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

 

Share462Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ