• Latest
Добро утро со Орданоски

СЈО, СЈО, та преку ДКСК!

December 21, 2018

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

СЈО, СЈО, та преку ДКСК!

December 21, 2018 07:10
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial”]Т[/dropcap]ивката меѓупартиска, рововска борба што се води околу законското редифинирање на Државната комисија за борба против корупцијата, за сега, само резултира со бесконечно одлагање на формирањето на новата ДКСК.

Од една страна, позитивен е напорот, во еден закон, да се „мерџираат“ досегашните два закони – оној за превенција на корупцијата и другиот за превенција на конфликтот на интереси – но упорно се настојува политиката да има свое влијание врз изборот на членовите на ова важно антикорупциско тело, па се ставаат секакви можни сопки новите „комисионери“ да не бидат професионалци со потврден морален интегритет (акцентот е повеќе на интегритетот!), туку повторно да се направи некаква смути-мешавина од политички (читај: партиски) свесни членови кои арбитрарно ќе одлучуваат што и како да работат во гонењето на коруптивните практики во државава.

Некои сакаат тоа да се преточи во одредено етно-партиско мнозинство во Комисијата, за со надгласување да може да се блокираат евентуални „незгодни“ афери, но и да се намали стручното влијание на Секретаријатот на ДКСК во обработката на случаите, како и да се ограничи достапот на ова независно тело за проверки во одредени бази на податоци во државава. Пак Комисијата да се направи што е можно поимпотентна, за да не им го крева притисокот на оние кои би сакале државата да ја имаат на располагање на сопствените дебитни банкарски картички.

Проблемот на овие конспирации е што тоа нема да помине, ниту во стручната, ниту во овдешната невладина јавност, а уште помалку кај меѓународниот фактор. Всушност, веќе се дадени јасни усмени и писмени предупредувања дека намерите им се прочитани.

Сепак, нешто од проблемите се и од објективна природа. На пример, нема да биде лесно да се идентификуваат квалитетни кандидати за членови на ДКСК кои, од една страна, ќе бидат доволно „аутсајдери“ во тековната каша-попара на македонската политичка, кадровска и бизнис сцена; а, од друга страна, да го имаат вистинскиот баланс на знаење, искуство и карактер, па уште да бидат и заинтересирани за работа во ова тело. Кај нас корупцијата е толку распространета, што и борбата против неа може да биде вносен бизнис!

Значајно е искуството со СЈО. Се формираше високо независна институција („од нула“), со големи автономни и „вонсистемски“ овластувања (вклучувајќи и сериозен буџет за работа), со цврста политичка и стручна поддршка од меѓународната заедница. А потоа, со помош и на извесно странско „провидение“, на нејзино чело се постави „некаква“ Катица Јанева, потполно анонимна за пошироката јавност, но со вистински „гевгелиски“ интегритет и енергија да не потклекне на политичките и криминалните притисоци и закани за да не го испорача она за што беше „измислено“ тоа специјализирано обвинителство.

Што и да мислите денеска за работата на СЈО, историјата на правната држава во Македонија ќе се дели на периодот пред и по неговото основање.

Е, па, затоа, впечаток е дека денешната власт, СДСМ и, особено, ДУИ, а и опозицијата „предварително“, се плашат, макар и политички инстинктивно, искуството со СЈО да не им се повтори и со ДКСК! Би преферирале антикорупциска институција која на хартија би делувала моќно, а во практиката би им била под политичка контрола. Добро, да работи нешто – ама да не се претерува!

Ова е точката на која целата работа со ДКСК сега е заглавена. Се плеткаат и се надмудруваат, ама нема да им помине. Бидејќи, работата е, секако, на работ од нов скандал.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

 

Share283TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ