• Latest

ЦИВИЛ: Прославете безбедно

December 21, 2018

Во првата недела на септември ќе се комплетира листата со кандидати за локалните избори на ВМРо-ДПМНЕ

August 15, 2025

Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК, постапката за селекција и избор продолжува по завршување на локалните избори

August 15, 2025

Медиумите и изборите: Чувари на демократијата или алатка за манипулација – што е што во изборен контекст

August 15, 2025
Протест на овинари, медиумски работници и претставници од граѓански организации  пред Граѓанскиот суд во Скопје. Фото: Скриншот од видео на Призма

Стејт департментот нотира сериозни ограничувања на слободата на изразување и медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари во Северна Македонија

August 15, 2025
Фото: Скриншот Х

Калас го повика Израел да се откаже од плановите за изградба на населби на Западниот брег

August 15, 2025

Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на Бејоглу, се приведени во истрага за корупција во општина Истанбул

August 15, 2025

По 11 дена разговори во ОН не се постигна глобален договор за справување со загадувањето од пластика

August 15, 2025

Влада: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

August 15, 2025
Руското пристаниште Оља во Астраханската област, Русија. Фото: Веб-страница на трговското пристаниште Оља

Украинските сили нападнаа пристаниште во регионот Астрахан што го користи Русија за снабдување од Иран

August 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Проукраински протест во Анкориџ пред самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Прославете безбедно

December 21, 2018 09:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение на ЦИВИЛ

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, ЦИВИЛ упати апел до сите граѓанки и граѓани во земјата: Прославете безбедно! 

Во пресрет на празничните денови, ЦИВИЛ – Центар за слобода потсетува дека славеничкото пукање е забрането со закон и е крајно опасно по животот. Бројни се примерите на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата. Без оглед на тоа колку мислите дека го владеете оружјето, имајте на ум дека и најголемите професионалци грешат.

Еден од слоганите на ЦИВИЛ во изминатите години е: Не се одушевувајте од „експертите за оружје“ – ќе ги надживеете!

Колку и да звучи морбидно, тоа е факт кој треба да се има на ум во денови кога се конзумира алкохол и се заборава на безбедноста. При сето тоа, „веселите пиштолџии“ треба да имаат предвид дека, и кога нивното пукање не повредило никого, траумата од пукањето нанесена на сите во нивната околина е, исто така, голема штета.

„Куршум испукан во воздухот, мора да се врати на земјата. И тогаш може да има трагични последици, а да не зборуваме за опасностите од рикошет или едноставно заскитан куршум кој може да биде убиствен.“ – велат од ЦИВИЛ.

Децата се најчести жртви на трауми, повреди, па и трагедии, поради несовесното ракување и злоупотребата на оружјето. „Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им кажат три едноставни безбедносни правила на своите деца: да се оддалечат од местото на славеничко пукање, да не допираат оружје или експлозиви и да пријават незаконска употреба на оружјето. Овие безбедносни правила, се разбира, важат и за возрасните.“ – гласат безбедносните правила на ЦИВИЛ.

Распрскувачките материјали и петардите се опасни по здравјето и животот. Во еден прирачник на ЦИВИЛ за едукација на деца и млади за безбедно однесување се вели: „Петардите и распрскувачките материјали, како и оружјето, се опасни и често предизвикуваат трагедии дури и во редовите на професионалци на кои во описот на работното место им е ракување со експлозиви и оружје.“

ЦИВИЛ се придружува на апелот на МВР да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства неовластено и ги повикува граѓанките и граѓаните да го пријават несовесното и противзаконско однесување.

[divide]

ЦИВИЛ е организација-членка на Меѓународната акциона мрежа за малото оружје (IANSA) и на глобалната коалиција Контрола на оружјето (Control Arms) од самите почетоци. Организацијата има големо искуство, релевантни експертизи и меѓународно реноме во борбата против трговијата и злоупотребата на нелегалното оружје, оруженото насилство, екстремизмот и тероризмот.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ