• Latest
Бирократија vs. Компетентност (нацрта: Џ. Дерала)

Лаици и професионалци

December 24, 2018
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лаици и професионалци

December 24, 2018 09:02
in СЛОБОДНА ЗОНА
Бирократија vs. Компетентност (нацрта: Џ. Дерала)

Бирократија vs. Компетентност (нацрта: Џ. Дерала)

Share on FacebookShare on Twitter

ВО ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА (2)

ВО ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА (2)

Лаици и професионалци

Демократската држава е сложен механизам кој може соодветно да функционира единствено доколку се почитуваат однапред поставените правила на делување.

Мирјана Најчевска

Во демократската држава, политичарите се лаици кои застапуваат одредена развојна линија која, во идеални услови, би требало да ги претставува искажаните желби на избирачите кои стојат зад нивното постапување, кои би требало да ги претставуваат генералните потреби и интереси на граѓаните и кои во рамките на законодавната и извршната власт ќе ја презентираат структурата на населението.

Заради ова, за политичарите (дури и оние на највисоките функции) воопшто не се бара посебна стручност, образование, искуство или било кој друг вид на квалификации. Секој полнолетен граѓанин на Македонија кому не му е одземена или ограничена деловната способност, може да биде пратеник, министер, премиер, претседател на државата. Нивна задача е што е можно поверно да ги претстават граѓаните во процесите на донесување и спроведување на одлуките во државата.

Вака лаички поставената владејачка структура може да опстојува и да ја предводи државата единствено доколку зад неа стои стручен апарат, администрација составена од професионалци со знаење, искуство, вештини. Администрацијата е таа која ги претвора идеите и политиките во остварливи активности, која ги преработува информациите до ниво разбирливо за политичарите -лаици и ги врамува намерите во закони и норми.

Со изборот за пратеник, министер, премиер, претседател на државата, не се стекнува образование и не се станува професионалец. Изборот за пратеник, министер, премиер, претседател на државата не може да го замени факултетското образование, стручноста изградена во рамките на работењето во конкретна област, ниту пак кариерното стекнување на искуството.

Во моментот кога како администратор во конкретно министерство се поставува човек кој нема појма од областа која е предмет на работење на тоа министрество, пропаѓа целокупната демократска машинерија, односно, таа се претвора во кулиси кои личат на реалноста меѓутоа немаат врска со реалноста.

Во моментот кога членувањето во управните одбори каде што, според закон, треба да бидат поставени афирмирани и познати стручњаци во областа на предметот на работењето на јавното претпријатие, станува награда за партиска активност, пропаѓа претпријатието.

Во моментот кога наместо највисоката администраторска функција – амбасадор, се поставува партиски војник кој добро лепел плакати, пропаѓа целокупната надворешна политика на државата.

Во моментот кога се распишува конкурс за вработување во органите на државата без да се знае што ќе работи новиот администратор, пропаѓа државата.

Демократската држава е многу сложен механизам. Во тој механизам, политичарите седат зад воланот, меѓутоа државата може да се придвижи само ако постои машинерија која беспрекорно ќе работи зад тој волан. Секој партиски војник вработен во државата ја уништува оваа машинерија и сите нас граѓаните не доведува во смртна опасност.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Илустрација во прилог: Џ. Дерала

Share88TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ