• Latest
Црта: Игор Стевковски

Руски бабушки со изместено тежиште

January 10, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Руски бабушки со изместено тежиште

January 10, 2019 11:10
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Црта: Игор Стевковски

Црта: Игор Стевковски

Share on FacebookShare on Twitter

Ова е време кога ја гледаме сета опачина на политиката, соголена докрај. Погодувате, не мислам само на процесот на спроведување на Преспанскиот договор од кој произлегува потребата за уставните измени. Но, денеска, само на тоа ќе го „испукам рафалот“, разгневен и разочаран од тоа како може една булумента од влекачи во политиката толку лесно да го избербатат патот кон иднината.

Џабир Дерала

Процесот е тргнат и му предвидувам успешна завршница. Како и да е, трагите од грдиот напад врз процесот за надминување на спорот со Грција ќе останат. Да се надеваме дека некои поуки ќе извлечеме сите, со исклучок на политичарите. Од нив имам(е) сѐ помалку очекувања.

Не можам, а да не ги осудам најостро, директно и лично партиите, односно нивните пратенички и пратеници што го опструираат Преспанскиот процес. Нема оправдание, ниту пак објаснување за нив! Не можам да прифатам, едноставно, ни една од нивните позиции, бидејќи аргументите со кои располагаат се целосно неодржливи.

Јасно е како ден, еден дел од пратениците и лумпен политикантите што орбитираат околу ова прашање се обидуваат да ја искористат оваа историска шанса за да се здобијат со корист за себе и за тесните партиски интереси. Не е изненадување да се види и хистеричниот Мицкоски во истата толпа со еден од најгротескните лузери на политичката сцена во Македонија, руската бабушка со изместено тежиште, Бачев. Каков неславен крај! Онака, исплукан дури и од неговите кутри следбеници! Но, тоа е цената на лицемерието. Што ја плаќаме сите.

Не ми е јасно само, како можат и други политичари да застанат во истиот строј со овие руски бабушки (со изместено тежиште) и со подеднакво губитничко мешетарење да го опструираат процесот. Бидејќи, без оглед на сите различни „мотиви и аргументи“, резултатот е ист. И, на крајот на краиштата, Преспанскиот процес не е ниту крај на политиката, ниту ќе ги исцрпи сите можности за отворање или затворање на други прашања. Тие што поентираа до сега, поентираа, има време и за други битки и прашања. Сега е време да се фокусираме на ова прашање.

Според моето цврсто убедување, пратениците што го опструираат овој историски процес за Македонија и за сите нејзини граѓанки и граѓани засекогаш ќе бидат обележани и запаметени како кусогледи, себични и/или корумпирани ликови. Нивната неславна улога ќе биде запишана на темните страници на македонската историја, без имиња, туку само како група. Или, уште поверојатно, воопшто нема да бидат забележани.

Од деценискиот спор со Грција корист имаат само назадните и деструктивни националистички структури од двете земји. Од неговото решавање, корист имаат сите. Решението ги поставува и двете земји на лидерското место во регионот, а имињата на нивните храбри политички лидери ќе бидат дел од светлата европска историја.

Овие денови ги гледаме и сите политички камелеони на кои не им е првпат да калкулираат и да уценуваат. Немам многу зборови за нив, а тие што ги имам, не се ни малку убави. Ќе ги почекам до крајот на гласањето во парламентот, па ќе ви раскажам и за нив по некоја скаска, без оглед на тоа дали ќе се „вразумат“ (читај: учипат) или не. За денеска, сакам само да им порачам на сите што се обидуваат да извлечат било каква корист од овој процес, политички поени, пари, тендери, амнестии, моќ, позиции, национализми – наречете го како сакате – не е време за тоа! Уцените и пазарењата нека ги остават за некоја друга прилика.

Општеството допрва треба ќе мора да се носи со сето лицемерие и опортунизам, сето тоа бесрамно и бескрајно користољубие на грбот на генерациите што доаѓаат. А секако ќе мора да се соочи и со тие што се протнаа на мала врата и сега удобно седат на приколката на историјата, а на главата имаат пластови од знаете веќе што. Блокирањето на Преспанскиот процес не е патриотизам, туку напад врз иднината на Македонија. Без оглед на болката од неправдите што ни беа нанесени на сите нас во Македонија изминативе три децении, ова е шанса што не се пропушта. Патриотизам е да се гради, а не да се урива.

Ете, да завршам со позитивна мисла, за промена… Ќе завршам со зборовите од соопштението што го испративме утринава:

Ги охрабруваме пратениците да донесат мудра, храбра и државничка одлука и да покажат единство кога се работи за големи историски одлуки како оваа.


Карикатура: Игор Стевковски Стевац

Фотографија од авторот: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share50TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ