• Latest
Илустрација: Игор Стевковски

Кловнови и шарлатани

January 11, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Кловнови и шарлатани

January 11, 2019 12:32
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Илустрација: Игор Стевковски

Илустрација: Игор Стевковски

Share on FacebookShare on Twitter

Радикалните националистички наративи се распрснаа како меур од сапуница, а нивните фабрики, работилници и дуќанчиња за спинови и лажни вести се изморија. Рафтовите им се полупразни, а продуктите им се со изминат рок. Кутрите, многу се смешни во својата потрошеност и ниска интелигенција. Ало, Москва! Не ти оди нешто со локалниве ресурси! Дајте нешто повеќе рубљи, дајте малку подобри и поедноставни прирачници за овдешниве тапоглавци! Не оди вака веќе, нѐ заболе дијафрагмата од смеење.

Џабир Дерала

Мора малку подобро да се подготват. Вака, само крадат идеи од нашите писанија и акции, се разбира, лошо интерпретирани. Можеби најлош интерпретатор и несомнено најдеструктивен е Мицкоски, но и другите не заостануваат баш многу во својот дрзок, уличарски арамилак. Но, не им оди никако. По ваков тежок неуспех да се артикулира политички став и барем приближно сериозно решение за било што, обично се оди на долг зимски распуст, споен со летниот и така едно десет пати, подалеку од политиката. Или во пензија, најдобро… Во нормална земја и законски се одговара, ама кој да разбере…

Кловнови и шарлатани… Кутриот Бачев, поранешно и сегашно шрафче во разни агентури, секогаш на две-три столици седнат. Толку бил среќен што, по подолго време, го спомнав повторно во мојата колумна и тоа во контекст да го илустрирам стрмоглавиот пад на Мицкоски, затоа што е во истата толпа со него, а не нешто посебно да го споменувам. И, кога го спомнувам Бачев, со тоа секогаш мислам на целата булумента што е во таа лакрдија од политичко здружување, нека биде тоа смешниот испрдок наречен Единствена Македонија или Левица (десничарска, националистичка) и други анонимуси на македонската рѓосана тепсија.

Бачев, пресреќно и возбудено блада, па ќе напише на својот Фејсбук профил: „Шпионот на германската служба Џабир Дерала нема колумна да не ме спомне, така и денес во новата колумна фрла со навреди, оти му пречи битката за Македонија и Македонците. Инаку, на сметката на неговата Цивил годишно добива од германската влада (читај: германската шпионска служба) од 600.000 до 800.000 евра за уништување на македонскиот народ и македонската држава!“

Овој пост е само уште едно ехо од добро смислената, но лошо и невкусно спроведената кампања полна со навреди, спинови, омраза и лажни вести што се спроведува со години, а особено откако руското мешање стана сосема отворено. Сами по себе, поединечно, смрдеата што ја шират овие ликови е безначајна. Но, мора да се земе предвид дека тие се само еден дел од целата слика. Се работи за агресивна, упорна и континуирана кампања, диригирана од еден центар. Целта на таа кампања е да се лаже безочно за сѐ и да се создава атмосфера на несигурност. Тоа претставува закана по процесите за заздравување на општеството, по деценискиот погром на демократијата и институциите. И таа кампања нема политички или етнички предзнак, туку се работи само за различни валути со кои се финансира иста цел: Македонија да оди наназад или барем да стои во место.

За постовите на разните бачевци, апашиевци и останатите апаши, можам да кажам само – камо среќа да се толкави средствата за кои велат дека ги имаме. А, замислете, најчесто пишуваме затоа што сакаме да го искажеме нашето мислење. Парите се споредни и најчесто ги нема. Не се ни важни, далеку од тоа. Проектите се далеку помали, а организацијата што ја споменуваат има голем капитал, но тоа не се парите – туку довербата. Луѓето што работат со нас се посветени борци за човекови права и искрено се залагаат за добробит на Македонија. Но, за тоа нема зошто да се убедуваме, сѐ е јасно. За другото, можеме само сите заедно да се насмееме.

А шпионите од најниска класа, луѓе без образ, зборуваат за шпионски служби, мајко мила! Тапоглавци, леви фашисти и губитници – што друго да се каже?

Дури и по некоја случајност да кажат нешто што вреди, нешто што содржи барем трошка вистина, иако тоа до сега не се случило ниеднаш (!), човек мора да се замисли и да подзастане. Да се биде во нивно друштво е опасно за Македонија и за сите нејзини граѓанки и граѓани. Да се верува на вакви евтини арамии е наивно. Да се сфаќаат макар и малку сериозно е кусогледо. Тоа се структури што треба да ги „обработува“ полицијата и контраразузнавањето. Толку за денеска. Нека бидат сега среќни и весели што повторно ги споменав. Какви лузери!

 

 


Преземање на содржините објавени овде e ЦЕЛОСНО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Карикатура: Игор Стевковски Стевац

Фотографија од авторот: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share60TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ