• Latest

Долг е патот до Норвешка

January 13, 2019

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Долг е патот до Норвешка

January 13, 2019 11:42
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Кога човек тргнува на пат, треба да направи математика. Еве една интересна, „демократска“ математика. Долг е патот до Норвешка, но скок од десет места за Македонија (за една година) на Индексот на демократија на британскиот „Економист“ со освоено 78-мо место од 167 земји е добар почеток. Можете да погодите, Норвешка е на прво место, како најдемократска земја, според овој опширен Индекс на демократијата на 68 страници.

Џабир Дерала

На тој врв, оваа скандинавска земја е во пријатното друштво со Исланд, Шведска, Нов Зеланд и Данска, пет од 21 земја со „целосна демократија“ во која живеат само 4,5 отсто од луѓето на оваа планета. Без многу бранувања, западноевропските земји, како и неколку прекуокеански земји како Канада и Австралија се меѓу првите дваесет најдемократски земји во светот веќе долго време.

Ако е за утеха, Македонија е на самата граница да прејде од (сегашната) категорија „хибридни режими“ во категоријата „демократии со недостатоци“ каде што се наоѓаат Словенија, Бугарија, Хрватска, па и Белгија и САД. И Унгарија е во таа категорија, со тоа што бележи пад во својата категорија. Пред Македонија, чиј индекс е 5,87, во категоријата „хибридни режими“ се (само) Ел Салвадор (5,96) и Албанија (6,98). Норвешкиот индекс е 9,87. За споредба, индексот на Македонија пред 10 години бил 6,21 со повеќе од триесет места подолу на листата.

Без оглед на тоа што ќе каже некој за тоа дали и колку може да погреши еден британски „Економист“ при оваа сложена операција за „мерење“ на демократијата, ова е значаен инструмент што не отстапува многу од оние на меѓународните институции што се занимаваат со исти и слични анализи. Ова е навистина значаен напредок за сите нас, свртени со грбот кон Северна Кореја, на последното 167-мо место и Русија што е на 144-то место во категоријата „авторитарни режими“.

Оценката и рангирањето се прават врз основа на индикатори во пет области. Така, Македонија ќе добие највисока оценка кај „Политичката култура“ со индекс 6,67, а најниска кај „Граѓанските слободи“ со 3,75. „Функционирањето на Владата“ е оценето високо и тоа со 6,5, а веднаш потоа доаѓаат „Изборниот процес и плурализмот“ (5,87) и „Политичката партиципација“ (6,67).

Ако ништо друго, овие категории можат да послужат како извонреден водич во следењето на состојбите, не само за аналитичарите и сите фолиранти и фејкери што се претставуваат како такви, туку и за секој заинтересиран „минувач“ низ турбулентното македонско поднебје. И јас и вие можеме да ги спориме или одобриме оценките дадени за функционирањето на владата, а уште повеќе за политичката култура, но некои факти се неспорни, без оглед на тоа колку сакаме да бидеме остри критичари или неутралци (со и без наводници).

А сега, по оваа весела, демократска „математика“, редно е да „репетираме“ и да го испукаме денешниот „рафал“…

По големата победа во Парламентот, каде што се заокружи најтешката фаза од процесот на решавање на проблемот со името, подеднакво тешка, ако не и потешка и далеку позначајна задача е Македонија да се извлече од категоријата “хибридни режими”. Без демократија нема живот. Напредок без демократија не е напредок. Без неа, нема човекови права и слободи, нема ни владеење на правото и обратно. Тие се меѓусебно поврзани и сите заедно обезбедуваат подобар и подостоинствен живот за сите. Така стои во секоја демократска читанка на чии страници нема место за цркви и џамии.

Говорот на омразата не само што не е слобода на изразувањето, туку е нејзина остра спротивност. Лажните вести и спиновите, национализмот, омразата и поделбите доминираат во јавноста и во медиумите. Со промовирање на антицивилизациски и антиевропски вредности нема да изградиме политичка култура. Политичкото пазарење зад затворени врати не е ниту политичка култура, ниту политичка партиципација. Функционирање на владата подразбира и посветеност и решителност, а не само транспарентност. Функционирање на владата не значи амнестија за криминалците. Технички и административно добро спроведени избори не значи дека тие се и слободни, фер и демократски. Значи, мора да се засукаат ракавите и да се почне со работа. „Тато ја смени сијалицата!“

Сево ова е потсетник за сите нас, а најмногу за политичарите на власт и во опозиција. Да видиме како ќе продолжат. ОК, за некои и знаеме како ќе продолжат, бидејќи се очајни, но никој од нас не смее да си го дозволи луксузот да ја игра нивната игра. Треба да ги ставиме во стариот куфер на минатото и да тргнеме храбро кон иднината, без штетен и непотребен багаж.


Илустрација: Avo Gharibian – “Democracy”

Фотографија од авторот: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share60Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ