• Latest

Високи плати за Комесарите, трошки за работниците

January 16, 2019

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Високи плати за Комесарите, трошки за работниците

January 16, 2019 11:19
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Навистина, Парламентот заслужува пофалби за успехот во гласањето за уставните промени, со што две третини од пратеничките и пратениците покажаа мудрост и зрелост, покажаа дека може да се постигне единство во донесувањето историски одлуки од високо национално значење. Добар почеток на годината за законодавниот дом. Да се надеваме дека тоа ќе ги охрабри да продолжат со носење добри одлуки во корист на сите македонски граѓанки и граѓани.

Затоа, во духот на таа обновена надеж во нашиот парламент, сакам да ја продолжам серијата со Жолтко и Лутко, посветена на борбата против корупцијата и (ре)формирањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Ве молам, прочитајте ги и претходните „рафали“ и други колумни и интервјуа посветени на оваа тема (Сашо Орданоски, Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини и други).

Добро е да знаеме што се случува со една од најважните теми во светот и кај нас, без оглед на нашиот социјален статус или (а)политичка афилијација. Зошто? Сите сме жртви на корупцијата, иако тоа не изгледа така секогаш, а секоја жртва заслужува правда и сатисфакција. Затоа, не сакам да им оставам само на институциите да се справат со неа.

Денеска сакам да зборувам за функционалноста на решенијата во најновата верзија од антикорупцискиот закон. Повеќепати ја алармирав јавноста за статусот на Секретаријатот на ДКСК кој, според сегашните законските решенија, се наоѓа во нерамноправна позиција во споредба со членовите на Комисијата.

Вработените во Секретаријатот добиваат нови, посебни овластувања и поголеми одговорности и ингеренции. Тоа подразбира и нивно овластување да покренуваат и да водат прекршочни постапки за функционери за кои постои сомнеж дека се вплеткале во коруптивни мрежи или кај кои има судир на интереси. Тоа е за поздравување, иако на опозицијата тоа не ѝ се допаѓа. Но, ова добро законско решение не им овозможува на вработените во Секретаријатот да добијат и соодветен статус (и примања). За нив се обезбедува законска рамка за непречено спроведување на надлежностите на ДКСК, но тоа се и овластувања што излегуваат од генералната административна рамка, односно тие веќе не се само административни службеници. Затоа, препораката беше тие да добијат и поинаков статус.

Владата не го прифаќа тоа, како што брифираат од Министерството за правда, бидејќи тоа ќе значи дека и други служби треба да добијат повисок статус, па затоа се задржува ова ниво. Таа логика е чудна. Зошто не се размислува во обратна насока? Сите служби во системот чија улога е поврзана со борбата против корупцијата, да добијат посебен статус, односно мотив да бидат уште повеќе посветени на оваа важна мисија. Оваа логика е оправдана особено затоа што во законот се прави дискриминација во однос на вработените, а тоа е зголемувањето на платите, односно изедначувањето на статусот на членовите на Антикорупциска со оној на пратениците, односно Претседателот на Собранието. Различните аршини се неприфатливи.
Предолго време чекаме на конституирање на Антикорупциска (во март, година дена). Десетици закони поминуваат веќе по првото читање, а антикорупцијава наша заглави во собраниско-владините лавиринти, блокирана од апсурдните барања на ВМРО-ДПМНЕ, но и од недоследностите на решенијата во самиот закон.

Во најголем дел, новиот антикорупциски закон се прави навистина голем исчекор во обезбедувањето добри услови Антикорупциска да биде ефикасна и да донесе добри и видливи резултати во борбата против корупцијата. Но, тој ќе биде навистина функционален закон ако се расчисти и со оние делови од законот што претставуваат дискриминација на луѓето внатре, во структурата на самата институција.

Новиот закон открива и некои куриозитети. На пример, законски се регулира обврската на членовите на Комисијата да бидат на работа осум часа. Тоа ни кажува дека таа обврска ниту ја имале, ниту ја почитувале членовите на претходната постава. Да, тоа се оние што си дадоа и оставки (без двајца) во март минатата година, под притисок на јавноста и по пораките од премиерот Заев. Се сеќавате, во тие денови, по земјотресот во Државна изборна комисија, се откри дека Антикорупциска била заштитник токму на корупцијата и судирот на интереси, во служба на режимот на Груевски.

Слично на тоа, според новиот закон, невозможно е да се спои функцијата член на ДКСК со друга јавна функција или професија или функција во политичка партија. Зарем тоа го немало во претходните законски решенија?! Зарем имало членови на ДКСК што вршеле други функции паралелно со оваа?! Хм, браво!

Секретаријатот обезбедува непречено спроведување на надлежностите на Антикорупциска со вршење на административните работи. Таа позиција на вработените во Секретаријатот вклучуваат одговорности и за следење на имотната состојба и интересите, следење на законитоста на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи. Понатаму, Секретаријатот спроведува проверки, повикување на лица и издава мислења. И тука не е крај, Секретаријатот дава предлози и препораки во рамките на надлежностите на ДКСК, одговара на барањата за пристап до информации од јавен карактер, а спроведува и административни проверки и задолжително ги проследува до членовите на ДКСК и други надлежните органи за понатамошни постапки или истраги. И сето тоа (и повеќе од тоа), дваесет и двајцата вработени во Секретаријатот ќе мораат да го прават секој работен ден за два и пол до три пати помала плата од повластените седум (иако препораката е да бидат пет) членови на ДКСК. Испаѓа дека Комесарите (членовите на Комисијата) треба да се наградат што е можно побогато, а работниците и не мора.

Дали овие недоследности и дискриминацијата се смислен обид да се оневозможи ДКСК да функционира уште на самиот (обновен) почеток или се еквилибрира меѓу потребите и можностите? Верувам во добрата намера, но тоа, сепак, не е доволно. Ќе се повторам: Државата не смее да штеди на ресурси во борбата против корупцијата.

Сите си тргаме од таа пуста администрација. Таа мора да се намали, за да тргнеме напред, без тоа тешкото ѓуле на зглобовите од секоја нога и рака што го носиме. А тие што се способни и посветени на служењето на интересите на граѓанките и граѓаните, а не на политичките партии и моќници – да им го дадеме заслуженото. Мислам дека ова барање не е претерано. Или?

 


претходна епизода: Кој и како ја кочи Антикорупциска?

АНТИКОРУПЦИЈА – избор од текстови за корупцијата објавени на www.civilmedia.mk во 2017 и 2018 година


Преземање на содржините објавени овде e ЦЕЛОСНО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Фотографија од авторот: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share55Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ