Во Кривичниот суд продолжуваат судењата за предметите „Монструм“ и „Транспортер“ на СЈО.
Случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, се наоѓа во доказна постапка и денеска треба да бидат прикажани докази обезбедени со ПИ мерки.
На доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.
За предметот „Транспортер“ се обвинети поранешниот битолски градоначалник, Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.