• Latest

Ова не е интервју, ова е Успех!

January 21, 2019

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ова не е интервју, ова е Успех!

January 21, 2019 11:40
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Никогаш во животот не мислев дека ќе правам интервју со некого, односно дека јас ќе го водам интервјуто. Никогаш. До некаде и ми има логика да правам интервјуа бидејќи по вокација сум театарски режисер што во превод значи „некој што се интересира – поставува прашања“. Од тие причини е и создаден овој текст. Од интересирање, и тоа големо. Веднаш сакам да се извинам доколку некои новинари најдат забелешки во мојот однос / пристап во текстот кон мојот соговорник. Да повторам, јас не сум професионален новинар, не ми забележувајте, препуштете се и уживајте во текстот кој следи.

Со Марјан Алчевски се запознавме во Загреб, непосредно откако соопштија дека тој е победник на конкурсот кој го објави ХБО пред две години. Беше дојден да гледа една моја претстава. По претставата седнавме во „Траториа – Леонардо“ на Скалинска улица во Загреб. Зборувавме како да се познаваме цел живот.

Потоа се среќававме многу често низ Загреб, на најразлични места. Разговаравме на најразлични теми. Најчесто тоа беше ситуацијата во која тогаш се наоѓаше Македонија, онаа најкритичната, разговаравме и за пишувањето, за театарот, за филмот, за музиката… Разговаравме и за тоа како тече снимањето на серијата за која тој го напиша сценариото.

***

Серијата „УСПЕХ“ во режија на оскаровецот Данис Тановиќ, според сценариото на Марјан Алчевски премиерно беше прикажана на 6ти јануари оваа година, на ХБО, а можете да ја гледате на ХБО – ГО и на каналот ХБО секоја недела со почеток до 20 часот.

„УСПЕХ“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе кои не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела започнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи. Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прво поглед е повеќе загрепска серија, „УСПЕХ“ е универзална приказна во која преку љубовта, работата, семејството, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

Ми се роди желба да му поставам неколку едноставни прашања, кои додека се среќававме во Загреб никогаш не му ги поставив. Ги напишав и му ги испратив. По неколку денови тој ми ги врати одговорите. Ова е мојот разговор со Марјан Алчевски.

***

ЦИВИЛ МЕДИА: Те исплаши ли „Успехот“?

АЛЧЕВСКИ: Да. Тој страв мене ми е добар, навикнат сум да се плашам од успеси. Понекогаш тоа ги фрустрира моите блиски бидејќи место да се радуваме заедно јас само чекам убавото да помине уверен дека или не сум го заслужил или ќе ме стигне казна за радоста. Иако звучи како суеверие мојот страв не потекнува од уверение дека во секое добро лежи нешто лошо туку од едноставната неспособност да се носам со сопствениот успех. Многу сум горд на серијата „Успех“ и со нетрпение чекам да ги доживеам реакциите на публиката. Горд сум на сите со кои работев, горд сум на себе. Би сакал да кажам дека е вистинска уживанција сето ова но глупо е да лажам. Уште поглупо е да кукам. Затоа молчам.

ЦИВИЛ МЕДИА: Сите органи ти се сместени во Успехот или половината од нив ги остави на страна за да останеш здрав?

АЛЧЕВСКИ: Моите органи и не се нешто посебно така да ретко кога можам да се потпрам на нивната моќ или вредност. Кога пишувам и тоа кога пишувам добро имам некои интересни физиолошки реакции. Треска ме тресе и така моето тело ми дава до знаење дека сум во добра форма. Потоа се чувствувам прекрасно, сите органи ми се распеани, сѐ е фантастично. Работата е само во тоа што јас не пишувам добро многу често, а пишувам секој ден. Доброто пишување ми е како лек. Секојдневното пишување и не баш.

Марјан Алчевски

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку Успехот изгреба од вистината за тебе?

АЛЧЕВСКИ: Многу. Постојат ликови кои се во суштина невешто замаскирани драматизации на она што јас го гледам кај себе како драмски лик. Постојат теми кои ми се битни, постои и прашањето на тоа што е успех и како знаеш дека си успеал. Но најмногу вистина од мене во сценаријата има во фактот дека серијата се роди од длабока фрустрација, мака и безизлезност. И за чудно чудо главните ликови во неа се фрустрирани и ги мачи безизлезност. Она што мене посебно ме радува е што секој гледач си одбира по некој од ликовите со кој најмногу ќе се идентифицира. Од досегашните коментари можам да заклучам дека тоа што некому му е сосема неуверливо или лошо кај еден лик на некој друг гледач му е најдборото во серијата. Убаво е кога мојата вистина ќе им послужи на другите да се видат малце и себеси.

ЦИВИЛ МЕДИА: Гол ли си сега?

АЛЧЕВСКИ: На еден невулгарен и естетски некатастрофален начин и сум гол. Сето мое умеење и сета љубов кон пишувањето ќе бидат достапни за секој да ги гледа, анализира, критикува, да ги исмева или да ги игнорира. Не ја чувствувам таа метафоричка голотија заради темата и содржината на серијата туку заради процесот кој за мене беше многу интензивен и интимен и сега станува многу јавен и отворен. Во еден момент додека работев на сценариото на петтата епизода мојот шеф Стив Метјус од ХБО за еден монолог ми рече: „Марјан, напиши овде нешто што мислиш дека ХБО нема да има мадиња да го сними и да го прикаже“. Би сакал да сум некој мачо манга кој на таква прилика одговара со монолог кој ќе се памти со генерации. Наместо тоа напишав 4 реченици кои мене ми беа битни и за кои е можно никој никогаш да не ги разбере како што се мислени. Тоа е како да стоиш гол на улица и или не те гледаат или ако те видат само те одминуваат бидејќи, голема работа, некој гол дебел човек стои на тротоар.

ЦИВИЛ МЕДИА: Доколку не постоеше Успех, која ќе беше неговата паралела?

АЛЧЕВСКИ: Не знам. Денес ми е тешко да замислам како би изгледал мојот живот без последниве 18 месеци. А тие 18 месеци се плод на претходните 12 години обиди. Да не постоеше „Успех“ можеби ќе ми успееше нешто друго или можеби сѐ ќе си останеше по старо. За мене не постојат паралели на сево ова. Од 6ти јануари милиони луѓе во Европа можат да ја гледаат мојата серија на платформата на една престижна мрежа како што е ХБО. Навистина не знам што би можело да ѝ парира на таа ситуација. Јас сум израснат на малечко културно поле. Нели, секој треба да знае до каде му се простира чергата. Е па пола од моето тело лежи вон чергата која сум ја добил со раѓање. Тоа или е безобразно или е успех.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што после Успехот?

АЛЧЕВСКИ: Уште некое време ќе имам обрврски со промоцијата на серијата. Се надевам дека ќе постои интерес и причина да им се вратам на приказните на ликовите од „Успех“. Ќе видиме. Во Македонија ќе ги пишувам сценаријата на некои од епизодите на „Бушав Буквар“, серија која е своевидно продолжение на „Бушава Азбука“.

 

Војо Цветановски
Фотографиите се преземени од архивата на ХБО

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Share77Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ