Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протести во Атина ја нападнале нејзината екипа, а снимателот добил сериозни повреди.
Во Атина протестираа против договорот од Преспа, кој се однесува на промена на името на Македонија и кој треба да се ратификува во грчкиот парламент.
Грчката агенција АНА-МПА објави дека за време на демонстрациите нападнат бил и фоторепортерот Костис Дадамис. Тој, според агенцијата, бил нападнат од група неидентификувани лица и се здобил со повреди на главата.
На вчерашните протести повредени се неколку полицајци и демонстранти, и уапсени се десетина лица кои учествуваа во инцидентите.
Д. М.