• Latest

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025 16:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, во рамки на набљудувањето на локалните избори 2025, констатира повеќе случаи на злоупотреба на (сопствените) деца и малолетници за време на предизборната кампања од речиси сите кандидати во трката за градоначалник. Децата станаа реквизит во трката за градоначалник. Политички поени на грбот на најмладите.

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовоте на СДСМ, Мартин Костовски ги внесе малолетните ќерки во изборната кампања. Тој на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека неговите ќерки нацртале цртеж за негова политичка поддршка. Во објавените цртежи малолетните деца ги напишале пораката од кампањата на СДСМ „Се бориме за нашиот дом“ и бројот на избирачкото ливче на партијата.

,,Најголема поддршка од мои ќерке рано сабајле, идемо у нов дн у нову победу”, напиша Костовски.

Реакциите не изостанаа – дел од медиумите и социјалните мрежи го отворија прашањето за границата меѓу родителство и политичка злоупотреба.

Порталот Expres.mk во објавата за злоупотреба на деца на Костовски на нивната Фејсбук страница додале коментар – „Меѓаши се слушаме ли – Ќе му помогне ли на кандидатот тоа што своите деца ги внесе во изборна политичка трка од најмала возраст“?

На социјалната платформа Х, профилот Робусна акција објави: Експрес, порталот на Горан Момировски шеф на Кабинет на Баба Гога, ги повикува Меѓаши да реагираат зошто Мартин објавил цртеж кој го насликале неговите ќерки. Дали вака реагираше за Орце и зошто не? Иако според мене нема ништо спорно и во двата случаи, чисто да ви доволам какви куртони се вмровските партали а уште повеќе нивните газди.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, на 5 октомври објави фотографија со неговиот син со коментар: Од теренските активности, малку заслужен одмор со мојот најголем извор на енергија, синот Ведран.

Инаку, според Импресиумот на Expres.mk издавач на порталот е Друштво за медиуми, комуникации и услуги ЕКСПРЕС МЕДИА ГРУП ДООЕЛ Скопје, а Горан Момироски е редовен колумнист и соработник (од 17 Мај 2017 до 15 Мај 2024 година).

Исто така, на 5 октомври, носителката на советничката листа за Град Скопје на Левица, Катерина Јовановска, на својот Фејсбук профил објави: „Само што ни пријде на штанд детенце од 3-4 годинки и ни вика “Знаете ли дека татко ми ќе гласа за вас”. Па нема поубаво чувство кога си цензуриран, а сепак си виден“.

Иако во овој случај детето не било директно вклучено во кампања, примерот покажува колку лесно малолетниците стануваат дел од политички наративи. Да не беше изборна кампања, каде што се е дозволено, нели, за глас повеќе, сигурно твитер заедницата ќе си правеја хе-хенца со хаштаг #НеСеСлучило или #НеСеДесило.

ЦИВИЛ смета дека ова претставува двојна злоупотреба, најпрво на јавната функција, а потоа и на децата кои, иако не смеат да бидат дел од политички активности, се појавуваат во партиски објави.

ЦИВИЛ повторно апелира до институциите, партиите, медиумите и родителите: веднаш да престане вовлекувањето на децата во политиката. Институциите мора да реагираат со решителни санкции против сите кои ќе се обидат да ги користат децата за свои политички цели.

Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон! Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата јасно утврдува: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.Заштитата на децата е законска обврска, а злоупотребата мора да престане – веднаш!


ЦИВИЛ МЕДИА | Оваа анализа е подготвена со поддршка од Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (CIVIL Hybrid Threats Monitoring – CHTM)
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ